02 Мај, 2024
0.0272

КОМПАНИИТЕ НАГРНАА ПО КРЕДИТИ, РИЗИЧНИ ЗАДОЛЖУВАЊАТА ВО СТРАНСКИ ВАЛУТИ, затегнувањето на монетарната политика ќе ги направи кредитите уште поскапи

Објавено во: Финансии 26 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Расте задолженоста на компаниите во земјава, иако од Народна Банка сметаат дека засега задолжувањето е под прагот на ранливост. Меѓу негативните опасности на долговите на компаниите е изложенсота на странски валути, но и мерките кои ги преземаат централните банки во насока на сузбивање на инфлацијата, со што се очекува кредитирањето да стане поскапо.

Долгот на корпоративниот сектор се зголеми во 2021 година, но неговата задолженост мерена преку учеството во БДП е стабилна и е под изведениот праг на ранливост. Значителен дел од долгот на компаниите е со валутна компонента и со променливи каматни стапки, што ја нагласува изложеноста на валутниот ризик, кој е ограничен заради стратегијата на таргетирање на девизниот курс и на каматниот ризик, кој станува сѐ позначаен во тековните услови на промена на циклусот на каматни стапки. Неизвесното окружување создава ризици за корпоративниот сектор во следниот период. Војната во Украина ги продлабочи присутните нерамнотежи на глобалниот пазар под влијание на пандемијата, доведe до раст на цените на енергентите и на репроматеријалите и генерално засилување на инфлацијата во глобални рамки – се истакнува во Извештајот за финансиска стабилност на Народна банка.

Од НБ поосчуваат оти со затегнување на монетарната политика се заоструваат условите за финансирање и се очекува период на низок глобален раст, па дури и глобална рецесија. Според нив, ова може да доведе до значително влошен амбиент за работење на домашниот корпоративен сектор, проследен со зголемени трошоци за финансирање, што може да влијае и за поголемо остварување на кредитниот ризик кај домашните банки. Банкарите потенцират дека ризиците се најприсутни кај субјекти кои имаат високо ниво на должнички товар, не остваруваат задоволителен обем на оперативен паричен тек или работат со ниски профитни маргини.

-  Микросубјектите се најранливата група кои се најмногу изложени на ризици поврзани со ликвидноста, со оглед дека имаат најниски нивоа на показателите за моментната и тековната ликвидност и негативен нето работен капитал. Нагласена е ранливоста и за останатите субјекти од корпоративниот сектор кои би  можеле да се соочат со притисоци врз ликвидноста и евентуално влошување на способноста за навремено намирување на долгот, особено доколку шокот потрае или се продлабочи во следниот период – истакнуваат од НБРСМ.

Вкупната задолженост на домашните компании се зголеми во 2021 година и достигна 49,5 отсто (47,3 проценти во претходната година). Зголемена е и задолженоста со каматоносен долг, која на крајот од 2021 година изнесува 23 отсто од вкупните средства (22% во претходната година).

-  Со економското заздравување, забележливо е зголемување на покриеноста на каматните расходи и расходите за финансирање со добивката од редовни активности, што укажува на подобрување на способноста за намирување на обврските. Покрај ниските каматни стапки, придонес имаше и зголемувањето на профитабилноста на корпоративниот сектор. Во 2021 година забрза и растот на капиталот на корпоративниот сектор, што овозможи раст на должничкото финансирање, без позначително да се зголеми нивото на задолженост изразено како сооднос меѓу долгот и капиталот (финансиски левериџ). Сепак, исклучително неизвесните глобални и домашни услови создаваат ризици за управувањето со долгот во следниот период, кои се поизразени за субјектите со повисоко ниво на задолженост и оние што нема да успеат да го приспособат работењето на новонастанатите услови. Ранливоста е најголема за микросубјектите кои прикажаа негативен финансиски резултат во 2021 година, а имаат и најголемо годишно влошување на показателите за задолженоста – се наведува во извештајот на НБ.

Банкарите посочуваат дека вкупниот долг на домашниот корпоративен сектор во 2021 година забележа раст од 9,9 отсто, што е највисок од 2008 година. Сепак, поради пост-пандемиското закрепнување стапката на задолженост на корпоративниот сектор на крајот од 2021 година остане на слично ниво како и претходната година (68,5%, наспроти 68,7%). Нивото на долгот на корпоративниот сектор (мерено преку учеството во БДП) и натаму е под прагот на ранливост, но го надминува просекот на задолженоста во изминатиот десетгодишен период, се посочува во анализата.

-  Главен носител на задолженоста на корпоративниот сектор во 2021 година беше надворешниот долг, кој услови над 60 отсто од годишниот раст на вкупната задолженост. Забрзување на растот во 2021 година имаше и кај домашниот долг, што главно се должи на кредитната активност на банкарскиот сектор како главен домашен кредитор на корпоративниот сектор. Небанкарските финансиски институции и натаму имаат многу скромна улога во финансирањето на домашниот корпоративен сектор (учество од 1,6 проценти во вкупниот долг). За домашниот корпоративен сектор карактеристично е отсуство на финансирање преку емисија на должнички хартии од вредност на домашниот или на странските финансиски пазари. Воедно, за разлика од компаниите од други земји, дури ни поголемите домашни компании немаат побарано и добиено кредитен рејтинг од некоја од меѓународно активните кредитни рејтинг агенции – посочуваат банкарите.

Покрај ризикот од промена на каматните стапки, значаен ризик за корпоративниот сектор останува и ризикот од промена на девизниот курс, со оглед на доминантното учество на долгот со валутна компонента во рамки на валутната структура на вкупниот долг на корпоративниот сектор (учество од 73,1 отсто). Во 2021 година девизниот долг имаше највисок придонес во растот на вкупниот долг, при намалување на денарската задолженост со валутна клаузула. Растот на девизната задолженост на компаниите главно се должи на растот на надворешниот долг (придонес од 86,4%), а удел имаа и домашните банки (со придонес од 13,6% во вкупниот раст на девизниот долг).

-  Ваквата валутна структура на долгот на корпоративниот сектор, ја прави исклучително важна стратегијата на одржување стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, во насока на заштита од остварување на валутниот ризик, особено ако се земе предвид дека еврото претставува водечка валута во структурата на надворешниот долг со учество од 80,4 отсто. Исто така, значајно е учеството на еврото во рамките на кредитната изложеност на домашните банки кон корпоративниот сектор кое изнесува 36,4 проценти, што претставува 98,6 отсто од кредитната изложеност со валутна компонента. Втора најважна валута е американскиот долар, кој заклучно со 2021 година зафаќа 19,1 отсто од вкупниот надворешен долг и скромни 0,5 проценти од изложеноста на домашните банки кон корпоративниот сектор. Со оглед што курсот на американскиот долар во однос на еврото и последователно со денарот, се одредува слободно на девизниот пазар, практичнo токму долгот во американски долари ja претставува суштинската изложеност на домашните компании на валутен ризик – појаснуваат од НБ.

П.О. 


Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?