03 Мај, 2024
0.0286

КОНЕЧНО, ВРЕМЕ Е: Велика Британија ја напушта ЕУ, веќе ништо нема да биде исто

Објавено во: Свет 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Велика Британија на полноќ и официјално престанува да биде дел од семејството на европски земји, повеќе од 1000 дена откако повеќето граѓани на референдумот во јуни 2016 одлучија да ја напуштат Унијата.

Обединетото Кралство заедно со Ирска стана член на Европската економска заедница во 1985 година.

После референдумот

Пред разминувањето што ќе означи нова ера во односите меѓу Брисел и Лондон, во средата се одржа гласање во Европскиот парламент, со кое се потврдија условите за заемно согласно разминување. Тоа беше само симболична формалност проследена со двочасовна дебата.

-Ќе ни недостасуваат знаењето, енергијата и смислата за хумор на британските пратеници-рекол Џи Верхофстат, екс премиерот на Белгија и координатор на Европскиот парламент за Брегзит.

Најџел Фараж, лидер на британската партија, го оствари својот сон за 20-те години што ги поминал во Брисел за време на кои се борел за излегување на Велика Британија од Унијата. После гласањето, британските пратеници ја отпеаа традиционалната шкотска песна „Аулд Ланг Син“, напишана во 1788 година од Роберт Бернс, како и „Остави го светлото уклучено“ (Том Вокер).

По референдумот за напуштање на ЕУ, граѓаните во Велика Британија двапати излегоа на парламентарни избори. Иако тие јасно ја поддржаа опцијата за напуштање на Брисел, тоа нема да се случи толку лесно. Поточно, на полноќ во петок, започнува транзицискиот период од 11 месеци, за време на кој двете страни треба да се договорат за идните трговски договори.

Предизвикот го најави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, кој рече дека Велика Британија ќе мора да направи компромис за важни прашања како што се правата на потрошувачите и животната средина, доколку сака да го задржи пристапот до единствениот пазар на ЕУ.

Порака од Берлин

„До крајот на годината, треба да бидеме јасни за формата на нашите односи. Сите ние сакаме нула тарифи и нула трговска бариера, но тоа исто така значи и нула дампинг и нула нелојална конкуренција. Без слични стандарди да ги заштитиме нашите работници, потрошувачите и околината, не може да се дојде до целосен пристап на најголемиот единствен пазар во светот. Ние ќе мора да ги водиме преговорите за нашите економски односи по брегзит на начин што нема да и наштети на Европската унија“, напиша Мас во авторскиот текст за германскиот сајт.

Клучно прашање границите во Ирска

Велика Британија и ЕУ ќе имаат копнена граница во Ирска. Тоа е граница од 500 километри со 400 патни премини, на кои минуваат минимум 30 000 луѓе на ден. Најмногу сопнување во договорот за Брегзит беше околу границата со Северна Ирска.

Мишел Барние, преговарач за ЕУ, рече дека е неопходно да се провери стоката што влегува во Северна Ирска од Велика Британија. Според договорот за брегзит, Северна Ирска ќе ги следи правилата на ЕУ за земјоделски и индустриски производи - а остатокот од Велика Британија нема.

Исто така, Велика Британија ќе ја напушти Царинската унија на ЕУ, додека Северна Ирска ќе продолжи да ги применува европските царински регулативи во своите пристаништа. Ова значи воведување на нови контролни пунктови и процедури за трговија со стоки помеѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија. Начинот на контрола на стоките нема да биде јасен до крајот на периодот на транзиција, кој истекува на крајот на 2020 година.


Можеби ќе ве интересира

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите