11 Мај, 2024
0.0256

Коњановски: Тутунарите да не дозволат влијанија од одредени политички структури

Објавено во: Агробизнис 18 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Тутунопроизводителите што се незадоволни од проценката на тутунот мислење да бараат од Второстепената комисија. Вака советува заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, кој денеска ги посети откупните пунктови во пелагонските села Добрушево и Ивањевци. Истовремено побара политичките партии да не ги злоупотребуваат земјоделците за добивање поени. Побара тутунарите да не дозволат какви било влијанија од одредени политички структури или политички притисок. Владата продолжува максимално да го следи откупот, додаде тој. „Сакаме да бидеме уверени дека тутунот се цени според квалитетот. Не сакаме никој да го користи трудот на тутунарите и затоа ќе ги заштитиме максимално. Веќе обезбедивме финансиска помош од 30 милиони денари колку што очекуваме да изнесуваат субвенциите за околу 30 милиони килограми произведен тутун“ , посочи Коњановски. Како што информираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, само една компанија не ги отвори откупните пунктови во предвидениот рок со што заработила казна од 11.000 евра. Вели дека ја следат состојбата. „Внимаваме да не се манипулира со земјоделците и да се запази квалитетот на тутунот. Досега се откупени околу 3 милиони килограми тутун од планираните 30 милиони килограми тутун, но исто така, досега се предадени само еден насто од најквалитетната прва класа тутун“, рече Стаменов појаснувајќи дека доминира средната класа тутун.