03 Мај, 2024
0.0257

Конзумирајте ги овие намирници и спречете настанување на рак и срцеви болести!

Објавено во: Стил 09 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Секојдневен стрес може да има сериозни последици на здравјето. Организмот кој е изложен на стрес има поголема можност од развивање на рак и срцеви болести. Конзумирајте ги намирниците чиј список ви го пренесуваме во продолжение, и намалете ја можноста од настанување на тие болести. Брусница Освен што помага кај инфекција на уринарниот систем, одлични се за здравјето на срцето и крвните вени. Се користи и за спречување на настанување на рак и инфекции, а со тоа ја зајакнува и отпорноста на организмот. Брусниците содржат полифеноли, кои имаат антиокидативни, противоспалителни и антимикробни својства, и спречуваат настанување на срцеви болести. Авокадо Авокадото е богат со здрави масти кои го намалуваат нивото на холестерол во нашето тело. Исто така го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар. Авокадото содржи монозаситени маснотии кои се многу користени за срцето и го подигаат нивото на добриот холестерол во крвта. Семки од тиква Содржат голема количина на протеини, влакна, магнезиум и фосфор. Богат извор на омега-3 масни киселини се кои се неопходни за здраво срце и крвни вени. Истражување покажало дека семките од тиква содржат состојки кои успешно се борат против различни видови на рак. Боровница Боровниците содржат високи нивоа на антиоксиданси, витамини и минерали, и имаат многу лековите својства. Штитат од болести на срцето и крвните вени, ја намалуваат можноста од намалување на рак, го подобруваат видот и функциите на мозокот. Црешни  Содржат голема количина на антиоксиданси и влијаат противвоспалително. Може да го подобрат сонот, и да го забрзаат опоравувањето после големи спортски нарегања. Истражувања покажале дека зголемено внесување на црешни може да помогне да се намалат последиците после напорно вежбање, како што се болки во мускулите, воспаление на нив и слабост. Флавонидот кој може да се најде во црешните - керцетин има антиканцерогени својства и помага во спречување на срцеви болести.