05 Мај, 2024
0.0247

Корисниците на домашната платежна картичка веќе можат да пазарат со неа, вели Ангеловска

Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Околу 28 милиони евра се веќе префрлени на банките за домашната платежна картичка, а до средината на изминатата недела се веќе издадени 60.000 картички за корисниците, во износ од околу 11 милиони евра и истите се во функција. Со домашните платежни картички веќе се пазарат македонски производи, рече во гостување во емисијата „Бизнис поенти“ на Тв Алфа, министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Вкупниот износ од 28 милиони евра е легнат на сметките на банките.  Банките секојдневно ги издаваат интензивно домашните платежни картички на граѓаните. Заклучно до 23 јуни веќе 60.000 картички беа во оптек и веќе се плаќа со платежните картички во маркетите, во продавниците, во угостителските објекти. Значи околу 11 милиони евра веќе беа на сметките на граѓаните до 23 јуни. Ние секојдневно ја следиме реализацијата на мерките, како картичките се издаваат и дистрибуираат до граѓаните, но ја следиме ситуацијата и за одредени приговори кои граѓани ги имаат поднесено, затоа што сметаат дека спаѓаат и ги исполнуваат критериумите, но не се нашле на листата - рече Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека тим од Генералниот секретаријат и другите надлежни институции ги разгледуваат приговорите и посочи дека сите кои дале приговор и ги исполнуваат условите, а не се на иницијалната листа, ќе добијат домашна платежна картичка.

Домашните платежни картички можат да се користат за купување на домашни производи до 15 август. Продавниците се задолжени на посебни рафтови или со назнаки да ги посочат македонските производи во малопродажбата.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години