Коронавирусот ја урива цената на нафтата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Јули, 2020
Растот на заболените со коронавирусот доведе до тоа цените на нафтата да одат надолу.
Цената на нафтата „брент“ од Северно море денеска се намали за 32 центи, или 0,7 проценти, на 42,82 долари за барел, додека американската WTI нафта се намали за 29 центи на 40,30 долари за барел, објавија британските медиуми.
Повеќе од 14,5 милиони луѓе во светот се заразени со новиот коронавирус, а повеќе од 604.000 умреа од Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.
Намалувањето на цената на „црното злато“ донекаде е ублажено со веста дека германската биотехничка компанија „БиоНТтек“ и американскиот производител на лекови „Пфизер“ презентираа дополнителни факти дека нивните експериментални вакцини за Ковид-19 се безбедни и резултираат во создавање имунитет кај пациентите.