26 Април, 2024
0.0292

„Корпорација“–футуристичка серија на Мет Дејмон и на Бен Афлек

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Продукциската куќа на Мет Дејмон и на Бен Афлерк ја создаде новата научно-фантастична серија „Корпорација“ ("Incorporated"), драма што се одвива во црната корпоративна иднина која ја пишуваат Дејвид и Алекс Пастор („Епидемија“).

Главниот лик во приказната е Бен Ларсон (Шон Тејл), менаџер кој мора да го промени идентитетот за да навлезе во светот на корпорациите. Големите компании го промениле системот и горе-долу ги истиснале сите други играчи од светот на политиката и економијата, а Бен прави очајнички чекор за да ја спаси жената што ја љуби.

СВЕТ ВО КОЈШТО ВЛАДЕАТ КОРПОРАЦИИТЕ

Се работи за дистописка серија што се одвива во 2074 година, а го прикажува општеството на иднината во коешто корпорациите, бизнисмените и владејачкиот економски модел доминираат и во свои раце имаат речиси апсолутна моќ. Се работи за општествена ситуација во која, освен бизнисот, важна улога игра и развиената софистицирана технологија. Секој што сака да преживее во овој свет каде што климатските промени ја уништиле Земјата, а богатството се распределува помеѓу сѐ помалобројната елита, мора да размислува деловно.

Бен не го интересира кого ќе го прегази во својот подем затоа што има само една цел, да ја спаси жената што ја љуби. Зашто луѓето од корпорациите може да ги спаси само уште љубовта.

„Корпорација“ ни дава увид во светот кој е последица на денешните одлуки, коментираа Мет Дејмон и Бен Афлек. Гледачите ќе погледнат во иднината и тоа онаа на која сите постојано нѐ предупредуваат, но која општеството уште не ја истражило.

ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ЕКИПА

Ликот Бен е игран од младиот Шон Тејл, талентиран Британец, најпознат по улогата во сега веќе култните „Скинери“, како и во филмот „We are the Freaks“, пресреќен што Бен и Мет го одбрале за главен актер:Знам дека Бен и Мет го дале својот суд за кастингот и ги изгледале сите епизоди. Бен и ги советуваше монтажерите околу разни работи. Не се мешаа во сѐ, но беа вклучени цело време.

Освен талентираниот и шармантен Шон Тејл, во „Корпорација“ ги гледаме и наградената со „Еми“, Џулија Ормонд, најпозната по улогата во „Легенда за есента“, Денис Хејсберт – номиниран за „Златен глобус“ за улогата во серијата „24“, како и Алисон Милер и Еди Рамос кој имавме можност да го гледаме во „Младиот врколак“.

„Корпорација“ својата ексклузивна премиера ќе ја доживее на Pickbox во четврток на 1 декември, затоа, не пропуштајте ја една од најдобрите серии оваа зима и веднаш активирајте гоPickbox.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет