05 Мај, 2024
0.1982

КОСТОВСКИ: Моите информации говорат дека во првите четири месеци стечајната маса е енормно зголемена

Објавено во: Финансии 09 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Појасно е и од најјасниот ден дека Еуростандард банка е случај за кој секојдневно се откриваат нови димензии и хоризонти во реалната слика, преку што станува повеќе од јасно зошто оваа банка стана жртва на одредени структури во земјава за која експлицитниот и бесрамен криминал е повеќе од својствен и очигледен.

Ова во својата денешна колумна што ја најави уште вчера, го пишува еден од сопствениците на Еуростандард банка, Трифун Костовски.

Тоа следува откако вчера Обвинителството нареди истрага за четири лица со посебни права и обврски во банката. 

„Ќе почнам со повторна прозивка на актуелниот Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски да одговори јасно зошто со уредба на Техничката Влада, со сила на закон, објавена во Службен Весник од 24 март 2020 година се дава три месечен тајм-аут за сите правни субјекти дека нема да се покрене стечај после завршувањето на вонредната состојба. Со исто таква уредба со сила на закон, објавена на 29 мај 2020 година, во Службен весник на Република Македонија, првобитната уредба се суспендира. Со прости зборови се укинува, и дава зелено светло да може да се покрене стечај веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Единствен правен субјект кој отиде во стечај, после укинувањето на вонредната состојба е Еуростандард банка. Господине Министре Спасовски, респект за откривањето на криминалот со возачките дозволи. Тој чин го оправдувам. Во случајот со Еуростандард банка се работи за многу посериозен криминал, а вие и натаму молчите. Зошто?“, пишува Костовски. 

Натаму, тој наведува дека во повеќе десетици случаеви, му се јавувале бивши коминтенти на Еуростандард банка, со цел да си ги исполнат своите обврски на време. Тие се жалеле дека немаат комуникација со стечајниот тим и доколку се воспостави некаква комуникација добиваат одговор цитирам „ќе ви кажеме кога да уплатите“. 

„Информиран сум дека поводот за ваквиот став на стечајниот управник е расипаниот софтвер, со прости зборови немаат влез во датата на податоци на клиентите во бившата Еуростандард банка.

Почитувани, софтверот во Еуростандард банка беше еден од најсовремените и функционален цели две децении. Доколку настанат одредени пречки, тие многу брзо се корегираат, значи не ќе да е до софтверот, туку е до нивната не баш чиста агенда и цел.

Информациите со кои располагам е дека стечајната маса на средства во првите четири месеци после стечајот е енормно зголемена, во која маса се наплатени и таканаречени отпишани побарувања од физички лица.

Од друга страна правниот субјект ‚Еуростандард банка во стечај', има отворено сметка во Комерцијална банка за прибирање на сите средства кои припаѓаат на веќе непостоечката банка.

Декларативноста на стечајниот управник со цел да ги упати должниците на Еуростандард банка каде треба да ги уплатуваат доспеаните средства е длабоко забетонирана. Многумина од должниците не знаат дека постои сметка каде треба да се уплатуваат средствата. Прашувам ЗОШТО? Почитувани пријатели, одговорот  е помалку или повеќе познат, а во натамошниот текст таксативно ќе ги набројам нештата кои укажуваат на матно сценарио за носење на банката во стечај“, пишува Костовски.

Според него, причини за тоа се следниве. 

„Најпрво, Народна банка ги прескокна процедурите за носење на банката во стечај кои ѝ беа на располагање. Вонредната состојба предизвикана од вирусот Ковид-19 важеше за сите субјекти во Република Македонија, единствено не важеше за Еуростандард банка. Единствена банка во Македонија со која Еуростандард банка многу длабоко соработуваше, во времето на менаџментот предводен од Николче Петкоски, беше Комерцијална банка. Таа соработка без знаење на акционерите и Надзорниот одбор ја донесе Еуростандард банка да биде перцепирана во банкарскиот свет како филијала на Комерцијална банка. Во моменти на супервизија, лошите пласмани биле префрлувани едни на други, повторувам без знаење на нас акционерите и Надзорниот одбор, со цел да се покрие вистинската слика за лошите пласмани во двете банки. Прототип, фирма која што е во многу лоша категоризација и Еуростандард банка никогаш не соработувала, ни остана во Еуростандард банка како „подарок“ од Комерцијална банка за цели 2,5 милиони евра“, пишува бизнисменот Костовски.

Продолжува натаму.

Го сменивме стариот менаџмент и донесовме нов и се прекина таа „соработка“ со Комерцијална банка. Престанавме да бидеме филијала на Комерцијална банка и најверојатно се случи тоа што требаше да се случи, банката да се носи по секоја цена во стечај и тоа час поскоро. Стечајот, Народна банка го објавува после предвремените парламентарни избори при неконституирани Парламент и Влада на Република Македонија. ЗОШТО толку брзање? На крајот хипотетички можам да го заклучам следново: средства за оштетените физички и правни лица во стечајната маса има доволно за покривање на сите обврски, ама срамот е голем! Што бара Народна банка во Одборот на доверители? Што бара отворената сметка за Еуростандард банка во стечај да биде во Комерцијална банка? Како е можно софтверот да биде расипан или некој се обидувал да уништува податоци внатре? Како е можно коминтентите на бившата Еуростандард банка да не бидат известени дека постои посебно конто каде што можат да ги подмируваат своите обврски?

Почитувани, има уште илјада прашања од типот ЗОШТО. Заклучокот несомнено води дека нарачателите на стечајот на Еуростандард банка го контролираат севкупниот процес во собирањето на средствата со кои треба да се обештетат коминтентите на банкатата и во краен случај и ние како акционери.

Ги повикувам институциите на системот кои се занимаваат со гонење на организиран криминал да не бидат соучесници во овој злостор.

Ми го замрзнавте имотот со цел финансиски да ме урнисате.  Делумно успеавте во тоа, ама не успеавте да ми го скршите духот на непокор и не успеавте да го поколебата човекот кој не поднесува неправда“, пишува Костовски. 

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот