25 Ноември, 2024
0.1973

КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОНЕВЕРИ ВО ЕУРОСТАНДАРД - дали се виновни само лица внатре од банката

Објавено во: Финансии 09 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Кои се четворицата од Еуростандард банка за кои Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нареди предистражна постапка.

Ќе се одмота ли конечно замрсеното клопче на овој голем банкарски скандал и ќе ги дадат ли надлежните органи одговорите кои со нетрпение ги очекува јавноста.

По неколку месеци откако пропадна банката на бизнисменот Трифун Костовски и неговиот син Коста, во која останаа заробени големи суми штедачки пари, вчера Обвинителството нареди истражна постапка за четири лица и тоа, како што наведоа, со посебни права и одговорности во Еуростандард банка.

Обвинителството има основано сомнение дека овие четири лица сториле две кривични дела - предизвикување стечај и перење пари, со што предизвикале штета од дури 55 милиони евра.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција, во своето официјално соопштение, не дадоа иницијали на четирите лица за кои е наредена истражна постапка.

ОЈО ЗА ОРГАНИЗИРАН: ЗА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА НЕ СЕ ДАВААТ ИНИЦИЈАЛИ

На прашање на Фактор зошто е така, оттаму велат дека во оваа фаза, односно кога е наредена истражна постапка, не се даваат иницијали, бидејќи станува збор засега само за основано сомнение дека се сторени овие кривични дела.

„Сега следува постапката во која надлежниот обвинител ќе одлучи дали и кои докази ќе треба да бидат прибавени, на кој начин, ќе се вклучат ли и сведоци, кои, и ќе се повикуваат ли тие на разговор, како и се друго што е потребно за постапката, по што ќе се одлучи дали ќе се покрене обвинение или не. Доколку се покрене обвинение, тогаш ќе бидат објавени иницијалите на четирите лица“, објаснуваат од Обвинителството.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција не побарале мерки на претпазливост за овие лица. Се објаснува дека нема потреба од „правење театри“, бидејќи нема опасност од бегство, повторување на делото и не можат да влијаат на истрагата.

КОСТОВСКИ: ИСТРАГАТА МОРА ДА ВКЛУЧИ И НАДВОРЕШНИ ЛИЦА

А во јавноста веднш по оваа информација, се огласи еден од сопствениците на банката во стечај, Трифун Костовски. Тој побара од Обвинителството да ги идентификува лицата, со име и презиме, но и нагласи дека во истрагата мора да се вклучат и лица надвор од банката.

„Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а според мене, би било ред да бидат идентификувани со име и презиме.После шестмесечен молк од страна на Јавното Обвинителство, тоа излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели.Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката“, напиша на Фејсбук Трифун Костовски.

Тој најави дека денеска ќе објави официјална колумна, со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка.

КОИ БИ МОЖЕЛЕ ДА БИДАТ ОСОМНИЧЕНИТЕ

За тоа кои се лицата со посебни права и одговорности во една банка, банкарите со кои разговараше Фактор велат дека тоа е одредено со статутот на секоја банка поединечно.

А, согласно Статутот на Еуростандард банка, лица со посебни права и одговорности во таа банка, сега во стечај, биле членовите на Надзорниот одбор, членовите на Одборот за ревизија, членовите на Управниот одбор на банката, членовите на Одборот за управување со ризици, членовите на Кредитниот одбор, директорите на организационите единици (секторите на банката), директорот на Секретаријатот на банката (генерален секретар), и директорите на центрите кои вршат контрола и координација (Центар за внатрешна ревзија, Центар за усогласеност и СПП, Центар за управување со ризици и Центар за сигурност на ИС, и Центар за маркетинг и развој на нови производи).

Како што стои во статутот, на лицата со посебни права и одговорности, им се овозможува непречена комуникација со членовите на Надзорниот одбор на банката.

Инаку, за Статутот на една банка, согласност дава Народната банка.

Според претпоствки на банкарски кругови, за кои не сме сигурни дали се точни, овие четири лица би можеле да бидат сопствениците, односно Трифун Костовски, кој во банката беше претседател на Надзорен одбор, потоа Коста Костовски, кој бил претседател на Кредитниот одбор, но и советник во Управниот одбор на банката, тогашниот претседател на Управниот одбор, и веројатно неговиот тогашен заменик. Повторуваме, ова се претпоставки на банкарски кругови, кои не мора да се вистинити, а со оглед на фактот што нивните иницијали не беа објавени од Обвинителството.

ПЕТКОВСКИ: ЈАС ЗНАМ ДЕКА НЕ СУМ НАПРАВИЛ НИШТО НЕЗАКОНСКИ

Фактор вчера стапи во контакт и со Николче Петковски, кој вели дека за истрагата од Обвинителството дознал од медиумите. До него не стигнала таква информација, ниту некој за ова му се обратил, така што тој нема што да коментира. 

Петковски потврдува дека бил претседател на Управниот одбор во периодот за кој е наредена истрага од Обвинителството, но вели дека не знае дали истражната постапка се однесува на него.

„Јас знам дека ништо незаконски не сум направил, друго не можам да коментирам, бидејќи за случајот дознав од медиумите“, изјави кусо за Фактор Николче Петковски.

За некого од четворицата осомничени, Обвинителството, доколку не обезбеди доволно докази, може да ја запре истражната постапка.

Банкарите потсетуваат и дека за еден друг предмет, Обвинителството и во фаза на истражна постапка ги дало иницијалите на осомничените лица, па сметаат дека тоа требало да се стори и во овој случај.

ДОБАР ДЕЛ ОД ПАРИТЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПЛАТИ, НО ЌЕ ТРЕБА ВРЕМЕ

Според овие кругови од банкарскиот свет, точно е дека кредитните барања ги разгледува Кредитниот одбор, но за сите поголеми од 10 отсто од капиталот на банката, согласност мора да даде Надзорниот одбор. А, како што објаснуваат, во последниот објавен извештај на Еуростандард банка за 2018 година, е наведено мислење на ревизорите дека такви кредити со изложеност од над 10 отсто од капиталот има три до четири, па некои биле и до 20 или 30 отсто од капиталот, што значи дека согласност морал да даде Надзорниот одбор.

Инаку, банкарите со кои разговаравме сметаат дека побарувањата на банката, во текот на стечајната постапка, има шанси да се наплатат во добар дел, но за тоа ќе биде потребен подолг временски период.

НБМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ СТЕЧАЈ

Инаку, на средината на октомври минатата година, Народната банка информираше дека до Обвинителството поднела кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка.

„Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со кој се нормира кривичното дело - Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка - сега во стечај. Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите. Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не би можела да сподели подетални информации“, се велеше во тогашното соопштение од централната банка.

А, веднаш потоа, во изјава за Фактор, еден од сопствениците на банката, Трифун Костовски, изјави дека не знае против кого се поднесени кривичните пријави, но, претпоставува дека тоа е против двајцата акционери во банката, односно против него и неговиот син Коста Kостовски. Според него, кривичната пријава се оформила по налог на Владата.

Ако кривичната е против него, Костовски тогаш рече дека негови главни аргументи во одбраната ќе бидат дека тој до последен миг се борел за спас на банката, за што има и бројни документи.

Пријава за Еуростандард имаше и од Управата за финансиско разузнавање, која работеше на случајот и од каде што имаше најави дека се многу блиску да влезат во трагата на тоа каде завршиле парите од оваа банка.

Инаку, како што веќе објави Фактор, вчера надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка и продолжено кривично дело - Перење пари и други приноси од казниво дело.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен