05 Мај, 2024
0.0364

Ковачевски: Граѓаните јасно кажуваат дека сакаат да бидат дел од ЕУ. Пратениците треба да бидат дел од европската идеја

Објавено во: Македонија 25 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Фактот дека водиме дебата подолго време, значи дека се работи за исклучително клучно прашање. Доколку се работи за одлука која што не дефинира иднина, тогаш веројатно и дебатата не би се водела ниту толку долго, ниту толку детално. Процесот ќе се води, ќе се дебатира и ќе заврши успешно за граѓаните и за државата, порача премиерот Димитар Ковачевски, прашан до кога ќе трае процесот и кога ќе се гласа за уставните измени.

Останува на ставот дека секоја стратешка одлука е одлука која што ја определува иднината за повеќе генерации.

- Доколку се работи за одлука која што не дефинира иднина, тогаш веројатно и дебатата не би се водела ниту толку долго, ниту толку детално, ниту на толку нивоа. Ова само потврдува дека се работи за исклучително важно прашање и ќе се води толку колку што е потребно, за да се донесе правилна и вистинска одлука за остварување на целите и визијата на граѓаните на оваа држава - рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во посета на Скопје.

Според Ковачевски, граѓаните заслужуваат да живеат во општество кое ги има истите европски стандарди со државите членки на ЕУ.

- Кога започна процесот, јас имав подолго експозе во Собранието, во кое што зборував толку за целите кои сме ги поставиле, токму за европските и евроатланските интеграции, како сврзно ткиво на граѓаните на оваа држава, со сите нивни различности. Секој кој е дел од пазар од половина милијарда луѓе, најбогатиот пазар во светот заедно со пазарот на САД, тогаш тој може и да напредува. Заради тоа што нашите граѓани го заслужуваат токму ова, процесот ќе се води, ќе се дебатира и ќе заврши успешно за граѓаните и за државата - додаде Ковачевски.


Прашан дали е оптимист дека може да се изнајде договор Македонија да добие преговарачка рамка со која што ќе ги отпочне преговорите, Ковачевски рече дека е рационален оптимист.

- Тоа значи дека верувам во остварување на целта и работам таа цел да се оствари. Пораката која што повторно ќе ја упатам до пратениците во Собранието, е дека тие се претставници  на граѓаните. Граѓаните многу јасно кажуваат дека сакаат да бидат дел од ЕУ. Пратениците треба да бидат дел од европската идеја за Северна Македонија. Тие ја зеле одговорноста и честа да ги застапуваат граѓаните во Собранието и утре ќе бидат запишани во историјата како личности кои обезбедиле европска иднина на државата. Јас сум горд на сите пратеници во нашето Собрание, кои биле дел од носењето на важните стратешки и тешки одлуки за државата - рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава