03 Мај, 2024
0.0283

Ковачевски: Ние сè уште имаме пратеник во Собранието кој доаѓа од редовите на УДБА

Објавено во: Македонија 17 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во македонскиот Парламент има пратеник од југословенска тајна разузнавачка служба УДБА. 

Рече дека не е изненаден од фактот кога ќе види 80-годишни политичари во земјава и во соседните држави да го бранат концептот на неградење коридори и да има кавги меѓу државите, бидејќи така ја изградиле кариерата.

„Архаичните концепти од времето на национал-романтизмот за создавањето на големи држави  се завршени. Конечно помина оваа работа. Балканот не е она што беше во 1990-тите. Регионот има земји членки на НАТО и на ЕУ, но има и земји кои преговараат за членство во ЕУ”, вели тој. 
Премиерот зборуваше за патот од Призрен до Тетово и рече дека се работи за идеја на општините Тетово и Чаир која е од поодамна. 
„Ние сè уште имаме пратеник во Собранието кој доаѓа од редовите на УДБА. Какви ставови сакате да има? Да ја види државата во ЕУ? Тој кариера изградил за државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. И вие од него очекувате да ја носи државата во ЕУ? Тоа не може. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари, кои виделе што сакаат новите генерации“, рече Ковачевски.
Владите имаат потпишано меморандум и во иднина треба да се размислува за изградба на пат кој ќе ги поврзува Призрен и Тетово и ќе се приклучи на Коридорот 8.

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи