05 Мај, 2024
0.0294

Ковачевски: Нормално е Заев и Гаши да се сретнуваат

Објавено во: Македонија 13 Март, 2023

Добивај вести на Viber

-Премиерот Димитар Ковачевски ја искоментира како нормална работа објавената фотографија од средбата во Струмица на неговиот претходник Зоран Заев и поранешниот коалиционен партнер - претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

 Тоа го коментирам како пријателска средба на луѓе кои што соработувале како дел од Влада и нормално е луѓе кои што се пријатели помеѓу себе да имаат средби. Исто како што јас што сум имал средби кога не сум бил премиер, како што имам средби додека сум премиер и како што ќе имам понатаму во мојата кариера, рече Ковачевски пред новинарите.

Независниот пратеник Скендер Реџепи во саботата објави фотографија од средба на претседателот на Алтернатива Африм Гаши и поранешниот премиер Зоран Заев за која тврди дека се одвивала изминатиот период во Струмица.

„Прашање за 1 милион евра??? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заеви, и зошто мораше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“, напиша на Реџепи на Фејсбук.

Тој е поранешен сопартиец на Гаши од Алтернатива. Оваа партија повеќе не коалицира со власта, откако СДСМ и ДУИ одлучија на нивно место да биде поканета Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

Гаши по објавената заедничка фотографија објави дека нема ништо спорно во тоа да се сретнува со политичари и нагласи дека симптоматично е тоа што го фотографираат и следат, како што вели тој, служби на СДСМ и ДУИ.


Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица