09 Мај, 2024
0.0503

КОВИД-19: Известување за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сакаме да Ве информираме дека ТАВ Македонија како аеродромски оператор ги следи и почитува сите мерки на Владата на Република Северна Македонија, воведени досега за превенција и спречување на ширењето на Коронавирусот и ќе продолжи да ги следи сите владини одлуки и препораки.

Согласно тие мерки, но и согласно нашите корпоративни практики за здравје и заштита при работа, од почетокот на оваа ситуација постојано преземаме мерки за зголемување на хигиената на Меѓународниот Аеродром Скопје, како за патниците, така и за нашите вработени.

Површините на аеродромот се дезинфицираат три пати дневно, со соодветни средства за дезинфекција, додека пунктовите каде што најмногу се задржуваат патниците, како што се шалтерите за пријавување и безбедносната контрола, исто така се дезинфицираат три пати дневно, со соодветни средства за таа намена.

Дополнително, поставени се средства за дезинфекција на рацете за патниците на неколку клучни точки: кај шалтерите за регистрација, кај пунктот за безбедносна контрола (при излез од државата, веднаш после Пасошката контрола), како и во делот “Пристигнувања“ (при влез во државата, во близина на Пасошката контрола).

Покрај овие мерки, ги замолуваме сите патници да одржуваат највисоко ниво на лична хигиена и да не создаваат непотребен метеж, држејќи ја препорачаната дистанца едни од други која што важи за затворените простории, согласно мерките на Владата.

Како потсетување – тоалетите, каде што патниците можат да ги измијат рацете со сапун, се лоцирани на повеќе места во Аеродромот:

-  во салата во терминалната зграда, на Пристигнување и Заминување

-  При излез од државата, после Пасошка контрола, во близина на Портите (гејтови)

-  При влез во државата, после Пасошката контрола, во делот каде што се чека багажот

Ја разбираме чувствителноста на оваа тема и поради тоа ТАВ Македонија им стои на располагање на сите патници во врска со било какви прашања. Од 8 до 16 часот, во работни денови, можете да нè контактирате на мејлот: customer.mk@tav.aero, како и во пораки на нашата Фејсбук страница, додека во секое време можете да се јавите на Шалтерот за информации кој работи 24/7, на телефонскиот број + 389 2 3148 333. 

Во врска со летовите, како што веќе апелиравме минатата недела, со оглед на тоа што ситуацијата со Коронавирусот се менува од ден на ден, Ве замолуваме да ги следите последните објави за вашите летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да ги контактирате нивните оддели за клиенти:

За Swiss Airlines:
https://bit.ly/2w50v5R
За Qatar Airways:
https://bit.ly/2WadvC4
За Pegasus Airlines:https://bit.ly/3cPZn6V
За Fly Dubai:
https://bit.ly/3cXAxC8
За Edelweiss:
https://bit.ly/2U2Wt67
За Austrian Airlines:
https://bit.ly/39MauM4
За LOT:
https://bit.ly/2w3zvUs
За Croatia:
https://bit.ly/2IKNX6A
За AirSerbia:
https://bit.ly/2TNVVCn
За Wizz Air:
https://bit.ly/39SqpbO
За Turkish Airlines:
https://bit.ly/2W9xBMH

На нашата веб-страница http://skp.airports.com.mk/ информациите за летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме од авиокомпаниите.

Можеби ќе ве интересира

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството