03 Мај, 2024
0.0275

Краделе злато од мртовци, па го продавале по дуќани

Објавено во: Стил 07 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Двајца вработени во погребалниот оператор во Струмица ограбувале стари гробови, а потоа златото го продавале во златарници. Против гробарите се поднесени кривични пријави за за сторено кривично дело сквернавење на умрен.

Тие при ископувањето на стари гробови заради закоп на други починати, накитот кој го пронаоѓале во гробовите, место да му го вратат на семејството на покојникот, го земале за себе.

Потоа, украденото златото го продавале во златарници во Струмица по евтини цени.

При претрес во нивните домови полицијата нашла три белешки за откуп на злато од златарница. Откако полицијата им ги предочила белешките, тие признале и ги посочиле гробовите од кои го одзеле златото.