02 Мај, 2024
0.0311

КРАКЕН НАЈВЕРОЈАТНО ИМА, НО ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СТОСТОЈБА Е СТАБИЛНА: Навреме стартува второто полугодие

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Во втората недела од јануари, односно од 9. до 15. јануари, имало 203 лица позитивни на корона вирусот, а регистрирани се и голем број заразени со сезонски грип и останати вирусни и бактериски инфекции. Сепак, според здравствените власти, епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна, нема да се воведуваат никакви дополнителни мерки, а второто полугодие ќе си почне навреме, односно в понеделник на 23.јануари, како што беше одлучено на владина седница.

Во разговор за Фактор, некои од директорите на основните училишта посочуваат искуства од изминатите години кога во февруари имале речиси празни училишта заради инфекции со сезонскиот грип, и сега велат дека е можно да се зголеми бројот на отсуства, но ценат дека не треба да има одложување на второто полугодие.

-Ланската година беше се уште во знак на ковид, па стартувавме од февруари, претходно наставата беше онлајн исто така заради пандемијата на корона вирусот, но сега, што и да има веќе, не би требало да се одложува стартот на второто полугодие. Низ годините, заради сезонскиот грип, токму во последната недела од јануари, па и цел вефруари сме имале речиси празни училници, болни деца, болни наставници, но наставата си течеше, се надополнуваше изгубеното без пробле, важно е да нема прекини. Сега, кога се уште е присутен и ковидот, голем дел од наставниците, особено повозрасните, си носат заштитни маски, затоа не би требало да се случи нешто драматично кога станува збор за вирусните инфекции карактеристични за овој период од годината.

И покрај тоа што епидемиолозите ценат дека не е достигнат пикот на сезонскиот грип, Комисијата за заразни болести смета дека состојбата е стабилна и нема потреба од дополнителни мерки и безбедно враќањето на децата во училишните клупи. 

Инаку, бројот на заболени од грип е во подем. Според податоците од Институто за јавно здравје, во текот на втората недела од 2023 година (09-15.01.2023), во земјава се пријавени 1.346 (I=73,3/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип, или заболувања слични на грип, што е за 63,9 отсто повеќе во споредба со претходната недела. 

Сепак, по последниот состанок, портаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, препорача да се прават тестови за да се утврди дали болните имаат грип или ковид-19.

-За потребите на граѓаните, Институтот за микробиологија започна со тестирање, а матичните лекари согласно протоколите, знаат како да постапат во однос на третирање и давање терапија кога е во прашање вирусот на инфлуенца. Ова како дијагностичка процедура во насока на тоа да се утврди дали се работи за ковид-19 или грип и ќе им ја олесни работата на лекарите да знаат која терапија е посоодветна за пациентите“, рече Мехмедовиќ.

Инаку, според него, кога станува збор за новата подваријатна „Кракен“ иако е многу лесно се шири, симптомите кои ги дава се многу полесни и нема место за паника. Освен тоа, оваа подваријатна се уште не е потврдена кај нас, но се очекува секвенционирањето на одреден број примероци да ја потврди токму денеска.

-Во тек е нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и варијантата кракен. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта, која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптовари здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Сител.

Пред само една недела, во раговор за Фактор, матичната лекарка Македонка Попова Спасеска истакна дека има огромен број на пациенти со разни вирусни и бактериски инфекции, а за тоа најмногу придонесува невообичаено топлото време за овој период од годината, како и енормното загадување на воздухот. Пикот на вирусните инфекции, посочи таа, се очекува да биде во првата-втората недела во февруари.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?