26 Април, 2024
0.0279

Кредити: со ударничко темпо растат сомнителните побарувања!

Објавено во: Финансии 22 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Расте салдото на сомнителни и ризични кредити. Заклучно со февруари спорните побарувања на банките достигнаа ниво од 415 милиони евра. Во однос на јануари, Народната Банка регистрираше пораст од цели 33,6 милиони евра. Споредбената анализа на податоците покажува дека  во февруари порастот на сомнителните побарувања е  повеќе од двојно поголем од оној што беше регистиран во јануари во споредба со декември. Тогаш спорните побарувања се зголемија за 15,8 милиони евра. Само за  првите два месеци од годинава во однос на декември, ова салдо кое укажува на влошување на кондицијата на фирмите и на граѓаните невреме да ги сервисираат обврските кон банките се зголеми за скоро 50 милиони евра.

Податоците укажуваат дека пораст на спорените побарувања има и кај денарските и кај девизните кредити. Позначајно влошување на кредитното портфолио се заблежува кај денарските кредити за приватниот и јавниот сектор и кај девизните кредити за домаќинствата.

За разлика од темпото на пораст на овие побарувања, кредитирањето во февуари со незначителен раст од само 1,8 милиони евра во однос на јануари, годинава. Така, вкупните кредити во февруари изнесуваат 2,5 милијарди евра и се задржаа на истата позиција како и месецот претходно.

Овие бројки за банкарите се очекувани во состојба кога сите економски параметри укажуваат на сеуште присутна криза, забавената економска активност и натамошната неизвесност.

Банките во моментов располагаат со депозитна база од 4 милијарди евра, која го надминуваа салдото на вкупната кредитна изложеност. Банките имаа пари – но како најбезбеден начин за пласман и натаму ги таргетираат државните и благајничките записи.

И последната анкета на Народната Банка не најавува скорешно олабавување на кредитната политика,што треба да донесе и повисоки стапки на кредитен раст.

За разлика од домаќинствата, кај кои е регистриран незначителен пораст на кредитирањето, кај приватниот сектор има минусна стапка на кредитен раст.

Можеби ќе ве интересира

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување