КРИЗАТА ЈА УНИШТИ МРЕЖАТА НА ЛЕТОВИ: Емирејтс Ерлајнс ќе ги обнови линиите за 4 години
Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
На aвиокомпанијата Емирејтс Ерлајнс ќе и требаат 4 години да ги обнови летовите.
Мрежата на летови е скоро уништена поради пандемијата на новиот коронавирус.
Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, сообраќаше на 157 дестинации во 83 земји пред да ги приземји своите авиони во март. Во 2022/23 и 2023/24 година ќе имаат попрецизна слика кога ќе се вратат во нормала.
Но, не се само тие во криза.
Боинг отпушта скоро 12.000 работници.
Оваа година поради новиот начин на живот наметнат со пандемијата, туризмот ќе се одвива поинаку. Авиосообраќајот нема да биде толку атрактивен, а повеќето луѓе ќе останат во своите земји.