03 Мај, 2024
0.0295

КРИЗЕН РАСПЛЕТ: Прв круг на разговори меѓу Заев и Ахмети-викендов ќе се подели владиниот колач?

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Сите очи во моментов се вперени во мандатарот и лидерот на втората по големина партија во парламентот, после ВМРО ДПМНЕ која сега е во опозиција.

Заев вчера ги почна разговорите за формирање нова влада, а прв партнер му беше лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Разговорите меѓу нив најверојатно ќе продолжат и викендов бидејќи како што соопштија, не разговарале за конкретни имиња, министерски фотелји и ресори.

„Теми на средбата беа принципите на соработка, реформската Влада и ЕУ и НАТО интеграциите.Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Р.Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства.“, соопштија од СДСМ по средбата а Заев и Ахмети не дадоа изјави за медиумите.

Сепак јавноста смета дека овие тврдења се нереални и дека веќе и Заев и Ахмети знаат како ќе биде поделен владиниот колач.

Дел од медиумите повикувајќи се на неофицијални информации пишуваат дека на Ахмети ќе му припаднат 4 министерства и двајца вицепремиери: образование, економија, локална самоуправа и животна средина. Здравството ќе легне на сметка на Алијансата за Албанците додека, а БЕСА ќе лапне од министерствата на СДСМ ако одлучи да биде дел од новиот владин кабинет.

Од партијата на СДСМ го делат ставот дека новата влада ќе биде формирана до крајот на неделава а најдоцна до понеделник треба да се дефинира распределбата на министерствата.

За викендов се можни и средби Заев-Беса и Заев-Алијанса за Албанците.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов по разговорите на Заев и Ахмети на новинарите им рече дека идната влада ќе работи согласно потребите на граѓаните.

Шилгов рече дека двајцата лидери не разговарале за распределба на министерски фотелји, бидејќи тоа како што рече е неважно прашање во моментов.

Посочи дека јавноста благовремено ќе биде известена за состаноците на политичките партии во врска со формирањето влада, тие состаноци ќе бидат транспарентни и тука нема никакви тајни.

Истовремено од ВМРО ДПМНЕ претходно порачаа дека со големо внимание ќе ги следат разговорите за формирање влада и во кој правец тие ќе се движат.

ВМРО ДПМНЕ не му верува на Зав. Верува дека тој ќе се обиде да го изигра дадениот збор во поглед на функционирање на идната влада. Доколку, велат, дојде до тоа тие остро ќе реагираат, за што веќе имаат план.

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи