02 Мај, 2024
0.0459

Кромберг и Шуберт убедливо со најмногу државна помош во 2020, кои се останатите?

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемиот работодавач во Македонија, Кромберг и Шуберт, добил најголема помош од државата во 2020. Според податоците што ги дава алатката „отворени финансии“ станува збор за вкупна сума од 997,7 милиони денари.

Во сумата од 16,35 милиони евра влегува помошта за инвестиции од договорот со Владата, а помал дел - 73,5 милиони денари на производителот на кабли за автомобилската индустрија се исплатени за справување со корона-кризата.

Сите други компании кои добиле државна помош а кои ги сместуваме во топ шест со најголеми примања, впрочем заедно имаат помалку од компанијата лидер. Во оваа листа се Костал од Охрид, Адиент во Струмица и Штип, ТАБ МАК, Драксламаер и Гентерм.

Податоците се извадени од алатката која како можност за увид ја дава Владата иако можно е сумата да е поголема или помала. Парите кои се доделуваат за инвестиции се исплатија на крајот на годината и секако се условени, односно може да бидат и предмет на враќање, но тие ја покажуваат и определбата на овие компании да имаат нови вложувања и во време на криза, што сепак е добро особено што тие се сметаат за мотор на домашната економија.

Според податоците – Костал добиле 181,3 милиони денари. За двете фабрики во Струмица и Штип Адиент земала 168 милиони денари како помош од договорот со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, како и државна помош за справување со корона-кризата од Владата.

Еднократна сума од 149.426.974 денари доби словенечкиот производител на акумулатори ТАБ МАК, но како поврат од Владата на дел од вложените средства за претходно инвестирање, според договор со посебен закон.

Еден од најголемите работодавачи - Драксламаер добиле 124,7 милиони денари и целата сума е од одобрена за гигантот од Кавадарци според договорот за инвестирање што го има со Владата.

Гентерм, пак во 2020 добил 111,6 милиони денари државна помош според договорот со ТИРЗ, но и од пакетот на економски мерки на Владата за ублажување на последиците кои ги предизвика коронавирусот.

Инаку сумата која како помош ја добиле Кромберг и Шуберт е повисока од лимитот кој Европската комисија го даде како можност државата да и доделува помош на една компанија во криза. Имено според најновите измени вкупната сума помош по сите основи во Европската Унија може да биде максимално 1,8 милиони евра. За компаниите кои беа екстремно погодени од кризата со пад од најмалку 30 отсто најголемата помош е најмногу 10 милиони евра.

Инаку досега, и покрај многуте барања на Фактор, Владата не ги објави во целост договорите за државна помош потпишани по 2017 година со странските инвеститори. И покрај критиките до претходната власт, сепак ниту еден од овие договори не стана јавен и не се знае по кои основи по колку пари им се одобрени.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?