03 Мај, 2024
0.0285

Крстевски: Со екстерното го повлековме погрешниот чекор, но се уште не сме на вистинскиот пат

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Со укинување на екстерното тестирање го повлековме погрешниот чекор, меѓутоа сѐ уште не сме на вистинскиот пат, вели Никола Крстевски, еден од најголемите поборници за укинување на екстерното тестирање како дел од Средношколскиот Пленум пред две години додека беше гимназијалец, а денес е студент на Правниот факултет во Скопје.

Вели дека иако екстерното тестирање беше предвидено да се спроведе по пример на надворешна евалуација во образованието во eвропските земји, но смета дека беше недоволно добро осмислено и имаше многу недостатоци.

„Со своите суштински и технички недостатоци екстерното поприлично „им ги врза рацете" на наставниците во однос на оценување на ученикот,  па со самото тоа внесе голема доза на стрес во процесот на образование. Многу штета претрпеа и учениците и наставниците од овој проект, па оттука произлезе и толкав револт и упорност кај средношколците и голем дел од наставниците. Затоа и беа толку упорни да го прекинат овој проект. Со укинување на екстерното тестирање, го повлековме погрешниот чекор. Сега наставниците имаат простор да ги оценуваат своите ученици според професионалните принципи кои ги имаат стекнато, како и по сите параметри кои се запазуваат при оценување на ученик. Па оттука придобивката е голема. Меѓутоа, со укинување на екстерното тестирање не може да се каже дека сме на вистинскиот пат. Образованието кај нас се соочува со огромни проблеми, па така, допрва ќе треба да се спроведат темелни и добро осмислени реформи“ – изјави Крстевски.

Тој вели дека повеќето средношколци со кои контактира се задоволни од укинувањето на екстерното тестирање. Битката на средношколците против оваа реформа е извојувана. Сепак, останува задачата за надлежните да работат на обезбедување на што поквалитетно образование.

„Судејќи по атмосферата за време на протестите на Средношколскиот Пленум, упорноста која ја покажаа средношколците со тоа што бојкотираа настава долго време, потоа имаа камп пред МОН кој го држеа неколку недели, несомнено е дека недвосмислено имаа потреба оваа „реформа" да биде повлечена. Сето ова ми дава за право да претпоставам дека средношколците се задоволни од исходот, бидејќи се исполни нивното барање. Бидејќи сега сум студент, не можам да тврдам какво расположение владее помеѓу средношколците, меѓутоа судејќи по оние средношколци со кои имав прилика да се сретнам, одлуката е многу позитивно прифатена. Како што веќе реков, со укинување на екстерното тестирање го повлековме погрешниот чекор, меѓутоа сѐ уште не сме на вистинскиот пат. Потребно е да се спроведат темелни реформи во образованието кои што ќе бидат детално испланирани и коишто ќе подлежат на сериозна и сеопфатна анализа. Секако, она што постојано го зборувавме за време на средношколските протести, многу е важно при носење на реформи во образованието да бидат консултирани сите засегнати страни, а тие се учениците, наставниците и родителите. Проблемите во образованието имаат суштински карактер, па така она што не треба е да се прават корекции, потребни се коренити и темелни промени“ – вели Крстевски.

Во меѓувреме, по екстерното, ќе се стопира и воведувањето на програмата Кембриџ во средното образование. Ова го најави  министерката за образование Рената Тренеска Десковска. Таа изјави дека се бараат правни механизми тоа да се направи до почетокот на следната учебна година, додека во основните училишта каде веќе се спроведува, ќе се прават консултации дали и како може да се укине.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите