03 Мај, 2024
0.0239

Лаванда милионер: Фармер заработил 2,7 милиони лева

Објавено во: Стил 05 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Еден од најбогатите Бугари е земјоделец од Добрич кој во  изминатата година заработил над 2,7 милиони лева од лаванда.

Така пишува во декларацијата за неговите приходи, пуштена минути пред да истече рокот за поднесување на изјавите. Таа е испратена на 3 мај во 23.51 часот, соопштија од канцеларијата на НРА во Добрич. Земјоделецот е регистриран како трговец поединец.

Даночниците одбиваат да го откријат името на милионерот, кој има собрано  толку пари од плантажи со лаванда.

Во последните години етеричномаслените култури се голем хит меѓу земјоделците. Во 2015 година, просечниот  принос од декар лаванда беше 10-15 килограми масло.

Минатата година со принос од 170 тони Бугарија се наметна како светски производител број еден, претекнувајќи ги Франција, Турција и Молдавија.