Лажен просјак „заработувал” како да е премиер
Објавено во: Економија, Стил 23 Март, 2016
Лажни бездомници со просење заработуваат и по цели плати, пишува британски Телеграф. Еден од нив дневно заработувал и до 500 фунти (околу 640 евра) просејќи пари. Годишно таа сумадостигнува нејверојатни 130.000 фунти, што е околу 12.000 фунти помалку од годишната плата од британскиот премиер Давид Камерон.
Телеграф пишува за богатиот „просјак“ за кој на локалните жители им било познато дека има покрив над глава, но глумел дека е бездомник.
„Знаеме дека не е бездомник бидејќи е регистриран на адреса и живее во мошне добар дом, всушност. Сепак, тој може да се види во центарот на градот во најфреквентните периоди од денот како седи таму и проси. Можеби патува помеѓу различни градови, па така „заработува“ мошне добра сума, многу поголема од мене и тебе." - вели Еванс кој живее во негова близина.
Тој додава дека минувачие се сожалуваат на бездомниците и им даваат пари.
Еванс додава дека освен загрижените градски власти, вознемирени се и „вистинските“ просјаци, на кои единствена надеж им е милостина на своите сограѓани, од кои одвај чекаат да купат парче леб.