02 Мај, 2024
0.0264

ЛЕГАЛЕН ПРЕСТОЈ ЗА СТРАНЦИТЕ: Заработените пари да ги трошат во Македонија

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имал работна средба со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, на која се разговарало за обезбедување на законски предуслови, односно промена на законската регулатива за овозможување на т.н. далечинско работење на лица од територијата на земјава, а на средбата присуствувала и државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска, како одговорна за проектот.  

„Во последниот период, растечки светски тренд е привлекување на овие лица, пред се од економски интерес, затоа што тие на овој начин би ги трошеле во Република Северна Македонија средствата кои ги заработуваат во другите земји, на пример во Европската унија или Велика Британија. Ваквите програми имаат економски импакт бидејќи се работи за странци со поголеми примања, кои изнајмуваат станови во земјата, ги трошат средствата во нашата држава и  стануваат дел од бизнис системот. Во моментов држави како Хрватска, Грузија и др. имаат развиено програма за привлекување на овие лица, кои најчесто работат во ИТК секторот и преку интернет и не се врзани со канцелариска работа или една локација. Преку измени и дополнување на Законот за странци на овие лица ќе им се овозможи легален престој во државата на подолг период и на тој начин тие заработените средства би ги трошеле во нашата држава“, се вели во соопштението. 
Министерот Спасовски рекол дека во рамките на  МВР веќе е формирана работна група, која работи на предлози за промена на  законската регулатива и дека министерството е посветено на имплементирање на овој проект од кој придобивки ќе има нашата економија. 
Директорот Петров пак, потенцирал дека со создавањето на европски услови и стандарди ќе придонесеме т.н. „дигитални номади“, меѓу кои има врвни странски претприемачи и експерти, да работат од нашата земја, што е само дел од визијата на ФИТР, Република Северна Македонија да стане регионален стартап хаб. 

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?