30 Април, 2024
0.0258

Легален циркус: Фершпед му ги утрапи акциите во Уготур на „Фершпед брокер“ и му го собра кешот од продажбата на акциите во Берзата и во ЦДХВ

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

„Фершпед брокер“ „ничим изазван“ купи од фирмата мајка „Фершпед“ 24,4 отсто акции во угостителска фирма Уготур, која две години наназад работи со загуба, а ги плати акциите четири пати поскапо од нивната книговодствена вредност. Да не коментираме дека „Фершпед брокер“ плати 101 денар за акција што на 12 јануари годинава некој ја продал за 7 денари за акција (количеството е 500 акции, а трансакцијата е 3.997 денари) и таа е единствена трансакција од почетокот на годинава досега!!!

Преку оваа легална деловна операција „Фершпед“ ги речиси сите пари од акците што ги имаше „Фершпед брокер“ во Македонската берза и во ЦДХВ и пред неполн месец ги продаде на „Шпаркасе банка“. Дали ова значи дека „Фершпед“ е очаен за ликвидни средства или значи дека се консолидира?

Брокерската куќа „Фершпед брокер“ плати 21,32 милиони денари (околу 345.600 евра) за 24,37 отсто од акциите со право на глас во скопската угостителска фирма Уготур чија основна дејност е да приготвува, дистрибуира и послужува храна за вработени во фирмите кои произлегоа од поранешниот гигант – скопската железарница. Продавач на акциите е „Фершпед“ – кој е доминантен сопственик на „Фершпед брокер“, а цената што брокерската куќа ја плати за секоја акција е 101 денар и е речиси три и пол пати повисока од книговодствената вредност на таа акција, која според официјалните податоци достапни на берзата изнесува 29,5 денари за акција. Да биде уште „повозбудливо“ „Фершпед брокер“ плати 21,3 милиони денари за една четвртина од вредноста на сите акции на Уготур. А сите акции на Уготур според последната пазарна цена остварена на берзата вредат само 6 милиони денари односно три и пол пати помалку од цената што за нив ја плати „Фершпед брокер“. Замислете ситуација во која професионален брокер плаќа три и пол пати поскапо од пазарната цена за акција? Ќе се воздржиме од коментар, треба да го дадат најповиканите т.е. брокерите.

Овој берзански настан, кој е сосема легитимен и во рамки на пропишаните процедури, се случува неполн месец откако „Шпаркасе банка“ стана најголем поединечен акционер во Македонската берза за хартии од вредност и во Централниот депозитар за хартии од вредност откако купи акции во двете фирми за што плати 25,69 милиони денари (околу 416.000 евра). Продавач и на двата пакети акции беше „Фершпед брокер“. Во првата блок трансакција „Шпаркасе“ купи 276 акции со право на глас во берзата по единечна цена од 50.000 денари за акција со што купи 9,95 отсто од акциите сите акции. За овие акции „Шпаркасе“ плати 13,9 милиони денари. Кај ЦДХВ влијанието на „Шпаркасе“ ќе биде уште поголемо затоа што таму банката купи 842 акции со право на глас што претставува 14 отсто од сите управувачки права во ЦДХВ. За нив плати 11,79 милиони денари односно 14.000 денари по акција.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување