Легна платата, автобусите на ЈСП ќе возат
Објавено во: Македонија 17 Август, 2023
Вработените во ЈСП денеска ги добија платите на своите сметки така што утре нема да има протести на вработените на Јавното сообраќајно претпријатие.
Рокот зададен од возачите до вработените беше до утре, а условот беше да се исплати платата, или во спротивно патниците ќе останеа непревземени.
Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати во ЈСП, го потврди ова за МИА.
Инаку денеска пред влезот на просториите на Град Скопје тие бараа прием од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за решавање на проблемот со задоцнетите плати, но и покрај тоа што не успеале да добијат средба од неа, платите денеска биле пуштени на сметките на вработените.