05 Мај, 2024
0.0270

ЛЕКОВИ ЗА ХИПЕРТЕНЗИЈА, АСТМА, ХОББ ПРЕПИШУВААТ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ: Големо олеснување за некои хронични болни

Објавено во: Македонија 25 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Голема новина во Македонија е препишување терапија од страна на матичните лекари за повеќе хронични заболувања, пред се за хипертензија, односно контрола на крвниот притисок, масти кај болните од дијабетес, лекови за контрола на астма и ХОББ и за контрола на хипотиреодизмот.

 Дел од пациентите на големо задоволство ја дочекаа веста, но некои останаа разочарани бидејќи за болестите со кои се справуваат со години и понатаму ќе мора да посетат лекар специјалист.

Пациентите кој со години примаат терапија за висок крвен притисок и за да може да ја добијат мораа да одат задолжително кај лекар специјалист со воодушевување ја дочекаа веста дека веќе од вчера лековите може да им ги препишува и матичниот лекар.

Во изјава за Фактор, 56-годишен скопјанец вели дека терапија за висок крвен притисок редовно зема веќе седум години и досега по препорака на лекар специјалист му биле променети неколку вида таблети кои му го регулираат притисокот.

-Сега пијам Кордипин таблети од 10 милиграми, претходно имав неколку други кои не ми делуваа најдобро. За жал, мојата матична лекарка не можеше да ми ги препишува, и ми даваше упати за лекар специјалист, односно кардиолог. Ова е навистина големо олеснување за нас пациентите. Не мора да одиме на клиника и да чекаме со часови. Потребниот лек ќе ни го препише матичната лекарка, вели Младен Н.

Задоволни се секако и хроничните пациенти со астма или хрпничната белодробна болест ХОББ, на кои исто така матичните лекари може да им ја препишуваат терапијата, но оние пациенти на пример кои со децении се борат со хроничен колит, и понатаму ќе мора да имаат извештај од лекар специјалист.

-Ја слушнав информацијата, но моето заболување не е меѓу споменатите и мојата матична лекарка и понатаму ќе ме препраќа на Клиниката за гастроентерохепатологија. Јас цели две децении веќе се борам со хроничен колит и секојдневно пијам таблети месалазин. Болеста секако е под контрола. Токму пред еден месец имав термин на клиника. Колоноскопија веќе не ми ни препорачуваат заради возраста, вели 79-горишната Цветанка И.

Матичните лекари појаснија зошто тие не може да препишуваат дел од лековите за одредени болести.

-Кога конкретно станува збор за лекот месалазин кој е наменет за пациенти со хроничното заболување колит, нам како матични лекари ни се потребни повеќе податоци. За ова заболување се потребни специјалистички прегледи, заради што ние и понатаму ќе мора да даваме упати за повисоко ниво на здаравствена заштита, вели д-р Лидија Дервишова Чолакова.  

Координаторот на реформите во примарната здравствена заштита, Злате Мехмедовиќ изјави дека ќе се прошири листата на лекови, согласно онаа програма што ја имаат зацртано во реформите, но како што рече ништо нема да оди набрзина.

– Одиме етапно, не ги дадовме сите реформи да се аплицираат уште од првиот ден кога ги најавивме на брифингот, оставивме простор да се развие дискусија по однос на тоа и да од денес почнуваат да се препишуваат рецептите. За кратко време ќе почне да се препишуваат и лабораториските упати. Ќе се прошири и листата на лекови, меѓутоа согласно онаа програма која што ја имаме зацртано во реформите, со цел да обезбедиме пред се квалитет преку веќе искреирани протоколи коишто ќе гарантираат точно кога и како може да се препишуваат одредени лекови, истакна д-р Мехмедовиќ.

Инаку, анализите кои ги направиле здравствените власти покажуваат дека околу 30 отсто од пациентите кои дневно доаѓаат во Клиничкиот центар во Скопје се за посета на специјалисти за продолжување на терапијата или за услуги кои со оваа реформа сега ќе може да ја добијат кај матичниот лекар.

Анита Буховски

ФОТО: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава