27 Април, 2024
0.0330

Пишува Горазд Чомовски

ЛИСТИ НА СДСМ: Дали кој губи има право да се лути, или не?

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Лавина од реакции предизвика објавувањето на имињата на кандидатите за пратеници  со кои СДСМ одлучи да оди на предвремените парламентарни избори на 11 декември.  Од лути, разочарани, изненандени  па се до жестоки критики  адресирани до лидерот Зоран Заев  за изборот  на луѓето  чија цел  е да го урнат Груевски и ВМРО ДПМНЕ од вкласт  но во истовреме да ги убедат граѓаните  дека дека токму  тие се висстинската алтернатива за подобра Македонија.  

„Не беше лесно да се направат кандидатските листи“, изјзви лидерот ан најголемата“,  опозициска партија Зоран Заев. Александар Спасов, член на СДСМ  обидувајќи да ја  аргументира одлуката за изборот  на  кандидатите на својот Фејсбук профил напиша:

На овие избори не се гласа за листи, на овие избори се гласа за концепти! Пост скриптум: Инаку, тешко на тој кому животот и угледот му зависат од тоа дали ќе се најде на "листа".

Дали кој губи има право да се лути, или не?

Според проф. Катерина Колозова, кога се обидувате да победите силна популистичка партија како ВМРО ДПМНЕ мора да возвратите со стратегија која ќе биде одговор на владеачкиот популизам.

Она што СДСМ погрешно го разбрало за популизмот е дека тој се сведува на цврсто и авторитарно раководење и ништо повеќе од тоа. Па така, изгледа како СДСМ да се обидува да го симулира на ниво на празна мимикрија, имитација на манирот на единствениот популизам кој им е познат, а тоа е оној на ДПМНЕ. Она што упорно не успеват да го разберат е дека популизмот навистина зборува со народен јазик и навистина ги освојува масите - популизмот функционира на принцип на заведување, освојување на срцата.

Доналд Трамп во Америка и понатаму е кандидатот за кој се вели „he talks like it is". Ако победи Трамп, тоа ќе се случи затоа што масите го засакале а не затоа што ги принудил. Па така, се' додека популизмот функционира, се додека раководството е популарно, авторитарноста е мека, затскрена. Во случајот на Македонија, последните години ДПМНЕ влезе во фаза на авторитарна бруталност - застрашувања преку инспекции, закони со амбиции за севернокорејска контрола над целиот општествен живот и економија а тоа беше знак дека љубовта на масите постепено почнала да слабее. Па сепак, и покрај фазата на пад на популарноста на раководството кај обичниот гласач, нивното долгогодишно искуство на ефективен популизам и блискост до обичниот народ им овозможува брзо да ги воскреснат старите популистички методи. 

Тоа и го прават денес. СДСМ, од друга страна, останува затворена во елитизам кој го комбинира со лошо имитиран популизам. Оваа мимикрија од популизам се сведува на ново раководство кое се воспоставува како мини-султанат во партијата. Дека ова е така доказ е токму оваа листа која е произлезена од одлука на некаков нам непознат тесен круг околу Заев кој изгледа ниту ги консултирал ниту ги зел во обзир своите интелектуалци и лица препознатливи за масите, лица чија намера и уверувања би му биле познати на обичниот народ. Очигледно има само една елитна позиција - лидерот, опкружен со најблиската свита составена од (за повеќето од нас) анонимуси.

 Оваа листа е постапка на отуѓување на сопственото членство. Ако сте безличен, безпрофилен, ако во вас гласачите ништо не препознаваат - оти ништо не им е познато и препознатливо - зошто би гласале за вас? Ако можат да гласаат за оригиналот, зошто би гласале за невештата копија“?  прашува  катерина Колозова,  директор на  Институтот за општествени и хуманистички науки - Скопје

Дали со универзитетскиот професор Ферид Мухиќ опозицијата ќе успее да ги придобие сиапатиите на  научната и интелектуална  јавност и дали со  номинацијата на Павле Богоевски и  Ивана Туфегчиќ ќе успеат да ја анимираат и да ги продобијат  симпатиите на помладата генерациај доправа  ќе се види.

Долгогодишниот новинар и аналитичар  Тодор Пендаров обраќањето  на Заев  го оценува како говор кој е на граница на еден  типично фолклорен просек во кој многу тешко може да се  најдат мотивациски елементи.  Од тоа што денеска се вика мотивациски говор. Заев се пофали дека СДСМ за прв пат се отворил за интелектуалци, невладин сектор, борци за човекови права, за прпадниците на етничките заедници, за кандидати од урбани и рурални средини и итн. Демек во регионот ама и пошироко се единствен вака “отворен“ политички субјект.

 „Дека во СДСМ работиве околу листите  ја имаат “здрмано“ партијата зборува оставката на госпоѓа Софија Куновска. Ајде што е прв човек на најголемата  Градска партиска организација на СДСМ таа ќе остане запаметена и како мноу добар пратеник кој секогаш со своите остри настапи во Собранието, залинети со нејзините професионални квалитети на актер,  беше и те како интересна за медиумите и воопшто за јавноста.  Односно заедно со господин  Сугаревски кој беше кординатор на пратеничката група на СДСМ беа најекспонираните и јас би додал најдобрите пратеници.  И замислете сега ги нема на листа.  Ама не треба да изненадува. Сетете се дека господин Јани Макрадули кои во парламентарниот состав 2011-2014 беше потпредседател на Собранието и убедливо најдобар пратеник на изборите во 2014 исто така не беше на листа.  И сега се прашувам ако ја нема на листа Куновска како на ова ќе реагираат членовите ама уште поважно симпатизерите на СДСМ од Скопје? Е па на 12 декември ова прашање нема да биде актуелно.

Понатаму госпоѓа Шекеринска овој пат ќе ја предводи листата на СДСМ во петата изборна единица. Интересно  на минатите избори таа ја немаше на листа на изборите во 2008 беше ако не се лажам носител во четворката и тогаш беше “прегазена“ од Бонева. Чудно како оваа госпоѓа еднаш како претседател на СДСМ сега како заменик претседател никако да се соочи со политичкиот противник во единицата каде што нормално припаѓа.

Стево Пендаровски  како носител во единицата ( сеуште не знаеме дали Груевски ќе биде исто така како на  минатите избори ќе биде носител во единицата) убеден сум дека ќе освои  најголем број гласови.  За жал СДСМ немаше храброст во втората изборна единица како носител да го стави гоподин Мухамед Зекири, (сега е на трето добитно место) со што ќе го скршеше ледот дека вистински соживот е можен и дека навистина не е прашање на уставот или законите дали пратеник, премиер или некоја од другите две највисоки фунции, ќе биде Македониц Албанец или припадник на дуга етничка заедница туку неговиот квалитет. За Заев нормално е да биде носител во четворката, тука е Струмица и воопшто тој цел регион. Притоа имам дилема. Дали  Заев веќе  утре ќе си даде оставка на функцијата градоначалник на Струмица или  ќе превлада балканската фолклорна политичко калкулантска  култура. Ако не победиме тогаш е подобро “прв во село“ отколку еден меѓу 120 пратеници во Собранието.  И да не бидам разбран погрешно дека на листите на СДСМ нема добри кандидати. Мислам дека има.  Понатаму убеден сум дека во партијата има уште многу многу квалитетни членови кои според мене би биле многу по интересни и привлечни за гласачите посебно оние неопределените. Ама за ова ние ќе пишуваме и анализираме на 12 декември“ 

,изјави Пендаров.  

За Јордан Шишовски, опозицијата не успеала да изгради широк фронт за детронизација на морално и политички девалвираната власт на ДПМНЕ и ДУИ  и  според него ова во старт ѝ ги намалува  можностите за победа. Пропадна можноста за предизборна македонско-албанска опозициска коалиција. Доживеа фијаско и намерата за поголемо опозициско групирање на десниот центар,  а целосно беа игнорирани проактивните понуди на Либерална партија и на Левица за обврска за постизборна несоработка со ДПМНЕ!!

„Ако се боревме против режим, зошто на листите има долгогодишни соработници на истиот тој „режим“? Ако може да ѝ простиме на Лилјана Поповска од ДОМ, тогаш дали утре ќе му простиме и на Талат? Или, можеби и на Илија Димовски?! Ферид Мухиќ ми беше омилен професор во време на моите  студии. Но, неговите идеолошки и политички ставови се во најмала мера контроверзни. Дали СДСМ и „граѓанските“ активисти се согласуваат со неговите ултра-конзервативни гледишта за женските репродуктивни права (анти-абортус)? Дали се сложуваат со неговите, за мене, крајно проблематични гледишта околу исламистичкиот тероризам?! Имам проблем и со учеството на „граѓанските активисти“ на листите. Кого претставуваат тие? Дали го претставуваат граѓанското движење во една партиска коалиција? Кое е тоа „граѓанско движење“? Кој им дал мандат за тоа? Или, можеби, цело време биле прикриени партиски застапници и во граѓанските движења?! Прашува универзитетскиот  професор Шишовски. .

За консултираните овие избори за Никола Груевски се судбинска битка.  Присилен да оди на сѐ-или-ништо. Дури и да победи ВМРО ДПМНЕ, нивниот лидер знае дека тоа ќе биде за кратко. Зашто, следуваат нови избори! Фрагментираноста на опозицијата ѝ додава уверливост на неговата очајничка приказна за победа! Зашто, овој пат неверојатна е бројката од 63 пратеници! Така симболично ги бодри своите соработници. Конечно никој со сигурност не може да го предвиди победникот. Но јасно е дека најголемиот губитник ќе биде народот. Малку е веројатно дека во догледно време ќе има и правен и политички крај на трагичната криза.  


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“