08 Мај, 2024
0.0218

Љупчо Аризанов очекува релаксиран гроздобер и зголемување на побарувачката на грозје

Објавено во: Агробизнис 04 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Љупчо Аризанов, претседателот на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци, , денеска изјави дека оваа година очекува релаксиран гроздобер и зголемување на побарувачката на грозје.

Тој нагласи дека во најлозарскиот регион во Македонија во моментов се инвестира во три винарници.

„Една од винариите што се градат е со домашен капитал, а другите две со германски односно американски капитал. Очекуваме конкуренцијата да си го направи своето и лозарите да не го гледаат сценариото од минатото кога мораа да го даваат грозјето за џабе, а и за тие малку пари да чекаат со години. Тоа што ќе се зголеми побарувачката за грозје, но и фактот што винарските визби се празни ни дава за право да сметаме дека оваа гроздоберска сезона ќе има глад за грозје“, кажа Аризанов.

Во моментов во Тиквешијата во тек е бербата на трпезните сорти на грозје