13 Мај, 2024
0.0235

Лозарите го дочекаа Св.Трифун со исплатени субвенции

Објавено во: Агробизнис 14 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Над 380 милиони денари финансиска поддршка за одржување на лозовите насади се веќе исплатени на на трансакциските сметки и лозарите може да ги подигнат, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопнство Љупчо Димовски.
„Задоволство ми е што токму на нашиот заеднички, а пред се нивен празник Св. Трифун, лозарите ја имаат можноста да си ги подигнат средствата, рече Димовски по закројувањето на лозјата во Лепово, Тиквешко, со што симболично го означи почетокот на новата винска година.
Рокот за исплата на субвенциите беше средината на годината, но парите се веќе исплатени. Според министерот за земјоделство, во изминатите 4-5 години е видливо консолидирање на ситуацијата во лозарството и винарството, а овие два сектора стануваат стратегиски за македонското земјоделство.
“Минатата година од винарските визби се откупени 168.000 тони винско грозје и дополнителни 25.000 тони произлегоа од винариите. Како никогаш досега имаме над 190.000 тони грозје во домашните капацитети, а многу мал дел беше извезен што е добро, истакна министерот.
Освен количините за извоз, се зголемува и цената на македонското вино, за зголемен е и пласманот на флаширано вино, преку 17 милиони литри годишно или дневно над 60.000 шишиња. На свеченото закројување присуствуваше и хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина кој од вчера е во посета на Македонија. Јаковина и Димовски разговарале за интензивирање на соработката во повеќе сфери, особено во делот на лозарството, безбедноста на храната, фитосанитарната политика и ветеринарството. Инаку, македонската Влада деновиве почна со предвремена исплата и на субвенциите за тутун. Тие исто така требаше да бидат исплатени до јуни, а во прилепско и велешко веќе започнале да им се исплаќаат на тутунарите.