Лубеници убија човек
Објавено во: Свет 01 Мај, 2018
Лубениците што се превезувани во преполна приколка паднале на патот во Филаделфија, при што е предизвикана сообраќајна незгода, во која загинало едно лице на возраст од 61 година.
Лубениците удриле во автомобилот при што возачот ја загубил контролата и излетал од патот.
Возачот кој ги превезувал лубениците не е сериозно повреден.