Магла и блокирани патни правци: Ваква е состојбата на патиштата!
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017
Утринските информации на АМСМ за состојбата на патиштата укажуваат на намалена видливост, влажни коловози и блокирани патни правци.
Граничниот премин кај Евзони се уште е под блокада од страна на грчките земјоделци , додека премини Меџитлија и Дојран се отворени за сообраќај.
Доколку патувате внимателно со управување на возилата. Намалена видливост има на патниот правец с. Лисец - Попова Шапка и на планинскиот превој Стража.
Не заборавајте дека обврската за задолжителна зимска опрема се уште важи.