02 Мај, 2024
0.0253

МАКЕДОНИЈА Е ПОГОДЕНА: ММФ нуди итна поддршка за Балканот

Објавено во: Економија, Корона Вирус 14 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Економиите во југоисточна Европа кои не се дел од Европската унија, каде приходите се пониски, а мрежите за социјално осигурување помалку развиени, се особено ранливи на економското и социјалното влијание на Ковид 19. Во последните недели, ММФ одговори со голем број на заеми што брзо се исплатуваат на земјите од регионот. 

Во интервју за IMF Country Focus, Јан Кис Мартијн од Европскиот оддел на ММФ, објаснува дека со падот на економската активност на Балканот, се појавиле големи „дупки“ во фискалното и надворешното финансирање.

„Иако шокот на Ковид 19 ги погодува сите земји во регионот, постојат значајни разлики во неговото влијание. Учеството на населението заразено со Ковид 19 во балканските земји е регулирано со силни мерки за ограничување, а досега е пониско отколку во многу од понапредните економии. Сепак, заклучувањето на економиите е скапо, бидејќи луѓето не можеа да одат на работа или да ги трошат своите пари. Покрај тоа, многу домаќинства во регионот зависат од дознаките испратени дома од членови на семејството кои работат во странство, чии работни места може да бидат изгубени како резултат на кризата. Многу влади во регионот зависат и од финансирање од странство, што стана потешко да се мобилизира. Исто така, некои земји се специјализирани за активности што биле уништени од меѓународната криза, како што е туризмот“, вели тој. 

Македонија ќе забележи намалена домашна побарувачка, но исто така ќе претрпи реперкусии од нарушување во европскиот автомобилски ланец во кој учествува земјата, стои во текстот.

фото Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?