02 Мај, 2024
0.0303

Македонија ги плати Ковакс-вакцините, но детали за испораката не се откриваат

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство изминатите денови исплатило 399.427.860 денари за набавка на вакцините против Ковид-19, сума колку што минатата година ја најави премиерот Зоран Заев, за околу 800.000 дози од Ковакс-системот.

Сепак од министерството велат дека станува збор за деловна тајна околу испораката и дека според договорот не можат уште сега да потврдат од кој производител ќе бидат и за колкав број на дози се работи.

- Многу пати досега информиравме дека клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините против Ковид 19 е тоа што секоја држава па и нашата се обврзува на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка на вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзува да го почитува тоа, бидејќи во спротивно нема да бидеме во можност да купиме вакцини, гласи нивниот одговор.

Премиерот Заев минатата година во дебатата со новинарите рече дека се планирани 390 милиони денари, односно 6,7 милиони евра, Беше изнесено дека проекцијата е 800 илјади вакцини, посочувајќи цени од некои производители од 10,47 евра за вакцина односно за двете дози 21 евро. Македонија е во КОВАКС-системот преку кој се резервирани вакцините. Заев соопшти дека авансот ќе се плати веројатно на почетокот на декември, а во 2021 ќе бидат и 390-те милиони денари, односно 6,7 милиони евра.

Во декември беше исплатен авансот за Ковид-вакцината, а на владина седница беше утврдена банкарската гаранција како потврда дека ќе биде исплатена целата сума за набавка на вакцината.

„Во делот на набавка на вакцините би сакал прво да повторам дека веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот. Во рамки на овој систем ќе ги добиваме вакциниите согласно планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс за кој наскоро ќе добиеме информации од нив. Вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори односно доставивме формални барања за обезбедување вакцини уште преку други два механизми. Првиот е во директни преговори и директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините. Пуштено е формално барање за понуда до две компании, „Фајзер“ и „Астра Зенека“ и се надеваме дека наскоро ќе имаме формална понуда од нив“, рече премиерот Заев.

Тој истакна дека е обезбеден и трет механизам преку Европската унија за дополнителни 800.000 вакцини преку ЕУ од вкупно 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата.

Засега е потврдено дека Македонија ќе добие до 175.200 дози вакцини од „АстраЗенека“ во март. Веста ја соопшти Министерството за здравство по допис добиен од Ковакс системот за првата испорака на вакцината против Ковид-19 во земјата. 

Од Министерството за здравство велат дека е исплатена првата пратка за Ремдесивир, по најавите дека се обезбедени 67,5 милиони денари за овој лек против корона-вирусот.

- Во тек е постапка за последната испорака од 3000 вијали, од лекот Ремдесивир, ова е втора сукцесивна испорака, првата од 600 вијали беше во 2020 година и таа е платена. Втората пратка на лекот штом стигне во нашата земја ќе се изврши и исплата. Министерството за здравство , за тоа има обезбедено финансиски средства во буџетот за 2021 година, велат од министерството.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда