12 Мај, 2024
0.0248

Македонија и Албанија засилено ќе ја штитат охридската пастрмка

Објавено во: Агробизнис 16 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Неопходни се засилени мерки за заштитата на охридската пастрмка, раст на размената во земјоделството и поинтензивна соработка меѓу надлежните органи и бизнис заедниците од Македонија и Албанија. Ова беа дел од заклучоците на денешната средба на министрите за земјоделство од двете држави, Љупчо Димовски и Едмонд Панарити. Министрите се согласија дека околку потребата за контрола на ловот на охридската пастрмка и најавија ригорозни инспекции од албанска страна, како и заеднички иницијативи за зачувување на живиот свет во Преспанското езеро.Како што истакна Димовски, Македонија и Албанија во делот на земјоделството немаат отворени прашања и проблеми, но соработката мора да се унапреди. „ Размената е многу мала... за таа цел ќе формираме работна група преку која ќе се координираат натамошните институционални активности“, рече министерот Димовски кој смета дека албанскиот пазар има потреба градинарски производи и овошје, а оттаму Македонија може да увезеува  морски плодови, лимони, портокали, маслинки и маслиново масло. Според Панарити, Албанија исто така треба овозмижи финансиска поддршка во земјоделството, по македонски терк. „Заинтересирани сме за вашите искуства во однос на субвенционирањето и успехот од распределбата на поддршката. Тоа е и една од причините зашто дојдовме, да научиме од вас околу креирањето на политиката на финансиската поддршка и тоа да го примениме во Албанија“, истакна  Панарити.