26 Април, 2024
0.0313

Македонија ќе забранува греење на јаглен во борба со климатските промени

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Греењето на јаглен во Македонија до 2020 година ќе биде забрането, а оваа мерка е дел од македонските заложби за заштита на животната средина и борбата со климатските промени кои се предизвикани од огромната емисија на јаглеродни гасови во атмосферата со што драстично се зголемува температурата на планетата. Предлогот го истакна заменик-минситерот за животна средина Јани Макрадули, кој учествуваше на Светската климатска конференција во Бон.

- Две третини од загадувањето во Скопје е резултат на затоплувањето на домовите и користењето на несоодветни материјали и затоа тоа е приоритет на Владата за решавање, изјави Макрадули за Дојче веле на македонски јазик. 

Некои податоци, како што соопшти, покажуваат дека дури 100 семејства на територија на општина Центар во Скопје се греат на јаглен, а многу од домовите се затоплуваат со неквалитетни дрва но и со друг штетен материјал.

Макрадули вели  сите дишеме ист воздух и сите сме заинтересирани за намалување на загадувањето, кое може да се реши само со интегриран пристап и со активности во сите области паралелено и со мерки на долг рок но кои треба веднаш да почнат да се реализираат.

Ги напомена мерките што се предвидени, краткорочни и долгорочни и очекува тие делумно да го намалат загадувањето.

Посочи дека треба да се работи на јавниот транспорт во Скопје особено за приватните и за такси превозот и оти приоритет е делот на затоплување на домовите бидејќи, како што рече две, третини од загадувањето доаѓа од загревањето на домовите.

Најави дека идната недела почнуваат активностите за пречистителна станица во Скопје на Вардар, за што посочи дека прават многу проблеми градбите во реките. Исто така посочи дека наредната година приоритет се активности и за решавање на проблемот со линданот во ОХИС.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“