04 Мај, 2024
0.0255

Македонската месна индустрија врти 140 милиони евра! Кое се најголеми производители на сувомесно и конзервирано месо?

Објавено во: Економија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Најбрзо растечка месна преработувачка компанија е Тиамо. Од најголемите раст на профитите имаат: Римес, Екстра Меин, МИП Марфил и Екстра Меин. Најголеми на нашиот пазар и лани се: Пекабеско, МИК Свети Николе и кумановски Екстра Меин

Македонската месна индустрија има 46 активни компании регистрирани за дејноста преработка и конзервирање месо. Дел од нашата секојдневна исхрана се сувомесните преработки и конзервите со месни продукти. Иако сме увозно зависни и тоа во најголема мерка од силната српска месна индустрија сепак во Македонија лани 46 домашни компании направиле приход поголем од 140 милиони евра од продажба на месни преработки и конзервирано месо.

Бизнисот на најголемите од домашните месни компании лани бележи умерен раст во споредба со претходната 2018 година.

Скопски Пекабеско е убедливо најголема домашна компанија, која меѓудругото, е регистрирана и за преработка и конзервирање месо. Ова друштво , во кое доминантен акционер е Слободан Кутревски, лани остварило приход од 82 милиони евра што е за 5 отсто подобар резултат во споредба со претходната година. Добивката на „Пекабеско“ лани е за 8 отсто послаба од 2018 година и изнесува 1,8 милиони евра. На профит отпаѓаат само 2,2 отсто од приходите на друштвото.

Втора најголема и воедно најстара домашна индустрија за месни преработки и конзервирање е светиниколската компанија МИК. Произлезена од потребите за поранешната „наменска“ индустрија (читај за потребите на Југословенската народна армија ЈНА н.з.) ова друштво по приватизацијата успешно опстојува и работи пред се за потребите на македонскиот пазар. Лани МИК остварил приход од 14,1 милиони евра што е на исто ниво како во 2018 година. Добивката на МИК лани е 61.000 евра и е за 9 отсто подобра од претходата година. Профитот во приходите учествува со помалку од 1 отсто. МИК е во сопственост на седумина домашни физички лица и на една домашна компанија – СИИВА ДОО.

Во групата на најголеми домашни преработувачи и конзерватори на месо е кумановската индустрија Екстра Меин. Воедно таа е третата со приход поголем од десет милиони евра (заедно со претходните две компании). Лани ова друштво сопственост на Благоја Бајдевски оствари приход од 11 милиони евра што е за 8 отсто подобар резултат од претходната година. Добивката на Екстра Меин лани изнесува 952.000 евра и по тој параметар е најпрофитабилна месна индустрија (учество на профит во приходите). Добивката на Екстра Меин лани е за 12 отсто повисока од 2018 година.

Следува група на компании кои имаат приходи повисоки од два милиони евра, а пониски од десет милиони евра.

Од нив најголем приход лани имала скопската индустрија Римес МС Груп со реализација од 8,9 милиони евра. Ова друштво во кое сопственици се Стерија и Марјан Михајлови и Серта Компани на Ристо Михајлов лани има приход од 8,9 милиони евра што е за 16 отсто подобар резултат од 2018 година. Добивката на друштвото лани е само 34.000 евра.

Скопска Солета, семејна компанија на Ивана, Светозар и Ненад Илијоски лани оствари приход од 4,4милиони евра и забележа раст на приходите за 5 отсто. Добивката лани беше 34 отсто пониска и изнесуваше 76.000 евра.

Фиса Комерц е скопска компанија регистрирана за преработка и конзервирање месо која лани остварила приход од 3,4 милиони евра и тоа е за 23 отсто подобар резултат од претходната година. Профитот лани изнесува 131.000 евра и бележи раст од 48 отсто во однос на 2018 година.

Тиамо е компанија за преработка од скопско Глумово сопственост на Абдула и Хајрун Сулејмани. Ова друштво лани е со профит од 161.000 евра што е за шест пати подобар резултат од претходната година. Приходот пак е поголем за 70 отсто од 2018 година и изнесува 2,4 милиони евра. По двата критериуми ова е најбрзо растечка компанија лани на нашиот пазар на месни преработки и конзервирање.

МИС Глобус од Скопје и МИП Марфил  од Прилеп лани оствариле приходи од по 2,1 милиони евра. Добивката на скопското друштво сопственост на семејството Трајковски е 3.500 евра. Прилепската семејна компанија на Алберто и Звонко Георгиевски лани има добивка од 238.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?