11 Мај, 2024
0.0249

Македонски фармери на саем во Турција

Објавено во: Агробизнис 22 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Седумдесет македонски фармери ќе го посетат земјоделскиот саем во Истанбул кој започнува денеска.

Во рамки на саемската манифестација, како што информира Федерацијата на фармерите на Република Македонија, опфатени се два саема, 8. Меѓународен саем за земјоделство и механизација - AGRO EURASIA FAIR 2014 и 4. Меѓународен саем за сточарство и нивна опрема, живинарство и млечна индустрија EURASIA STOCK BREEDING 2014.

На саемот ќе биде презентирана земјоделска механизација и технологија, пластеници, производство на зеленчук, стакленици и нивна технологија за изградба, резервни делови за трактори, опрема за лозарство, опрема за берење на маслинки, систем за наводнување, земјоделски лекови, семе и саден материјал, цвеќарство, еколошко земјоделство, агро информатика, млеко и млечни производи, пестициди, вештачки ѓубрива и хранливи материи за растенија, пчеларство, сточарство, превентивна медицина за животни, технологија за молзење и живинарство.