28 Април, 2024
0.0261

Македонските фармери на работилница во Романија

Објавено во: Агробизнис 16 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Претставници на Федерација на фармери на Македонија отпатува во Букурешт за да учествув на првата работилница дел од проектот „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија од областа на сточарството и растително производство – AGRO-START“. Темата на работилницата беше поврзана со ефикасни пристапи за дијагностицирање и утврдување на услуги за иновативно и ефикасно производство и оперативните процеси за целните сектори така што сите партнери презентираа две добри практики идентификувани во нивните земји. Партнерите во проектот во рамките на оваа активност комуницираа со целни групи со цел да ги идентификуваат добрите практики во нивните држави, со кои најмногу се справуваат малите и средни претпријатија со предизвиците и обезбедување на успешни и иновативни пристапи за најдобро да се искористат можностите. Работилницата „Како најдобро да се дијагностицира и оценува иновативниот или ефикасниот  производствен процес во сточарството и растителното производство“ е организирана од Националната федерација на синдикати за земјоделство, храна, тутун и сродни области и услуги која е водечки партнер во проектот, стои во соопштенито од ФФРМ.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?