01 Мај, 2024
0.0277

Македонското вино е најдобриот бренд амбасадор на Македонија

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

На овогодинешното пролетно оценување на престижниот натпревар за вино Мундус Вини кој по 26ти пат се одржа во Нојштад, Германија во перидот од 18ти до 23ти Фебруари 2020 година, 268 експерти за вино од 54 земји оценуваа околу 7.500 вина кои потекнуваат 45 земји. Македонските вина забележаа значителен успех со вкупно освоени 42 награди од кои 29 златни медали и 13 сребрени. Ова преставува своевиден рекорд за македонските вина во освоени награди на поединечен натпревар за вино каде скоро 70% од регистрираните вина од нашата земја се закитија со медал. Со најголем број на освоени награди се закитија земјите од стариот вински свет: Италија, Шпанија, Франција, Португалија и Германија.

Во насока на промоција на винската индустрија од земјата, Здужението Вина од Македонија во рамките на Мундус Вини на 22.02.2020 организираше Мастерклас презентација за македонските винасо фокус на вина од сортата Вранец, пред повеќе од 140 вински судии од цел свет. Овој настан, кој беше и финансиски поддржан од Министерството за земјоделство преку Програмата за Рурален развој 2020, беше оценет како една од најдобрите презентации на нашето вино на интернационалните пазари.


На натпреварот, 10 македонски винарии освоија награди меѓу кои:

Винарија Далвина со 9 златни и два сребрени медали преставува најуспешната македонска винарија која покрај освоените 4 златни и еден сребрен медал за своите линии Hermes, Dioniz  и Ar-Makedon, освои и 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линијата Touch која е приватна  марка за хрватската компанија WINE BUSINESS d.o.o., Zagreb. Имено виното Touch Premium Merlot од берба 2017 беше прогласено и за Best of Show Macedonia.

Винарија Стобиосвои 6 златни и 1 сребрен медал пред сеза вината од линијата Private Reserve, а дополнително оваа винарија доби признание и за Best Producer Macedonia.Винарија Камник се закити со 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линиите Ten Barrels, Signature, Winemaker's selection и Cuvee de Prestige, како и новото вино од линијата Heritage за соратата Каберне Совињнон 2016.

Винарија Тиквеш со освоени 4 златни и 3 сребрени ја продолжи низата на најнаградувана македонска винарија во измнинатите години. Врвните вина од премиум брендот на Тиквеш Tikveš Châteaux & Domaines од Domain Barovo и Domain Lepovo се закитија со златни и сребрени медали, а сребрен медал освои и француското виноTerrasse à l'Ombre 2018 од Château de Gourdonкоја е под истиот бренд.

Винарија Попов исто така се најде на листата на наградени винарии со освоени 2 златни и 2 сребрени медали. Со златни медали од оваа винарија се закитија Vrshnik Pinot Gris 2018 и Cuvée Prestige од берба 2017. По еден златен медал освоија вината од Винариите Венец, Сопот и Лазар, а со сребрени медали се закитија и 3 вина на Винарија Бовин и 2 вина на Винарија Имако.

Радува фактот што 15 вина од македонските вина се со освоени награди за 100% вино од соратата Вранец, а 10 вина се купажи од  Вранец со други сорти. Вранецот е соратата на вино преку која македонските винарии и Здружението Вина од Македонија го градат брендот и имиџот на македонското вино на интернационалните пазари. Нашата земја располага со најголеми површни на лозови насади кои достигнуваат скоро 11.000 хекари, што преставува близу 40% од вкупниот број на лозови насади во нашата земја. 


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор