02 Мај, 2024
0.4689

„Макпетрол“ ја зголеми дивидендата за 54 отсто! Колку ќе даде?

Објавено во: Економија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Нето дивиденда за домашните физички лица акционери во „Макпетрол“ ќе биде 1.800 денари за акција. „Макпетрол“ годинава додели дивиденда што е за 54 отсто поголема од дивидендата што ја додели лани од добивката за 2018 година. „Макпетрол“ предлага на акционерите 15 милиони евра добивка да ја пренесат за идната година и да не ја делат сега како дивиденда

Најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“ на своите акционери ќе им подели по 2.000 денари бруто дивиденда за секоја акција, ова е предлог што ќе се најде пред акционерите на претстојното акционерско собрание закажано за 20 јуни годинава.

Вкупниот износ наменет за дивиденда од ланската добивка е 3,3 милиони евра. За најмногубројните акционери –домашни физички лица ова значи дека годинава ќе добијат по 1.800 денари нето дивиденда за секоја своја акција односно 30 евра по акција. На секоја акција од бруто износот од дивиденда државата преку одбитокот за персоналец ќе земе по 200 денари. Во груби бројки „Макпетрол“ врз основа на данокот за дивидендата што ќе ја исплати на државата ќе префрли околу 3 милиони евра.

Годината вредноста на дивидендата што ја дели „Макпетрол“ е повисока за 54 отсто во однос на дивидендата што компанијата ја подели лани од добивката за 2018 година. Лани „Макпетрол“ подели 1.300 денари дивиденда за секоја акција со право на глас.Според предлог одлуката „Макпетрол“ планира да пренесе 14,9 милиони евра од добивката во наредната година.

Акцијата на „Макпетрол“ вчера беше најтргуваната на Официјалниот пазар и оствари промет од 210.000 евра. Очигледно дека информацијата за дивидедната од 2.000 денари за акција беше протолкувана како позитивна вест. Просечната пазарна цена на акцијата на „Макпетрол“ вчера изнесува 69.000 денари. Приносот што го носи дивидендата во однос на вчерашната просечна цена на акцијата изнесува 2,6 отсто.

Зошто 2019 – та беше златната година на „Макпетрол“?

„Макпетрол“ лани го има најдобриот финансиски резултат во изминативе пет години во кои во континуитет остварува добивка во работењето, покажуваат официјалните податоци од неревидираниот консолидиран биланс на успех на најголемата македонска компанија за продажба на мало на нафтени деривати. Охрабрувачка вест за акционерите! Вложувањата на компанија во бензинските станици даваат резултат. „Макпетрол“ во континуитет остварува добивка од работењето и три години по ред ја зголемува добивката со солидна стапка на раст. Овие финансиски резултати укажуваат на континуитет кој ќе привлече институционални инвеститори кои пак многу често се синоним за стабилно работење на компанијата во годините кои претстојат и политика на континуирана исплата на дивиденди.

„Макпетрол“ лани ги зголемил приходите од продажба за 3 отсто, оперативната добивка ја зголемил за 9 отсто во однос на 2018 година, нето добивката изнесува 14,24 милиони евра, а вкупната сеопфатна добивка на компанијата (благодарејќи на пазарната капитализација на акциите кои ги поседува н.з.) достигна 16 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?