03 Мај, 2024
0.0292

Малчески: Врхушката на Груевски идеологијата ја замени со суров интерес

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Во пресрет на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој треба да се бира нов лидер и раководство на партијата развговараме со Самоил Малчески, поранешен студентски лидер и жесток критичар на власта на Груевски. Малчески неодамна побара промени и поддржува реформи, па не интересира во кој правец ќе тргне ВМРО-ДПМНЕ и дали идеите за поголема демократија во партијата, како и одговорност на раководството се остварливи. Исто така разговараме и за истрагата за крвавите настани во Собранието и одлуката на партијата да протестира пред институциите создавајќи нови политички тензии наместо да ги профати судските процеси.

Фактор: Во последно време се споменува името на Љубчо Георгиевски за тој повторно да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Зарем ова не е ретрограден став кој не е во корист на партијата особено што тој ја води Народна партија, а и на последните неколку изборни циклуси не оствари никаков позначаен резултат?

Малчески: Видете Љубчо Георгиевски несомнено има оставено голем белег во ВМРО ДПМНЕ, тој е еден од луѓето кои ја формираа партијата и ја водеше се до 2003 година. Во суштина битката не е кој да го води ВМРО ДПМНЕ, битката е како новиот лидер да биде избран на фер и демократски внатрепартиски избори, да се слушне гласот на членството. Само така ќе се спречи партијата да влезе во вртлог на внатрепариски борби, поделби и раскол.

Фактор: Што според вас треба да промени ВМРО-ДПМНЕ во начинот на кој делува, најголемо незадоволство има од политиката на конфронтации, на кочење на процесите, на барање виновници и прогласување предавници, како да се надмине оваа состојба?

Малчески: Во овој момент ВМРО ДПМНЕ е во кадровска и иделолошка криза. Пред се ни треба нов партиски Статут, според кој главните одлуки во партијата ќе се носат низ една демократска и транспарентна процедура. Изборот на луѓето кои ќе членуваат во партиските тела и органи треба да биде непосреден и во него треба да учествуваат сите членови на партијата, во суштина вистинско практикување на демократијата.

Понатаму ни треба нова партиска доктрина, премногу долго време врхушката идеологијата ја имаше заменето со суров интерес. Исто така во овој момент ни треба програма за работа на партијата ВМРО ДПМНЕ 2018-2028, во која пред се треба да биде јасно дефинирано како ќе ги подобриме односите со нашите пријатели од САД и ЕПП. Воедно, таа програма треба да содржи и концепт на помирување со професорската, докторската и останатите професионални фели, кои беа анатемисувани од груевизмот.

Се разбира сето ова погоре кажано може да се случи само ако во партијата дојдат нови луѓе, кои пред се нема да имаат хипотеки од груевизмот. Нови луѓе, за нов курс ВМРО ДПМНЕ.

Фактор: Каков е вашиот став за организирањето протести против поведената истрага за расчистување на настаните на 27 април и обвинувањата дека се работи за политички реваншизам и хајка на власта. Зошто не се дозволи институциите на системот да го водат случајот, токму истите кои до „вчера“ беа независни и во нивната работа не се мешаше Груевски?

Малчески: Секој треба да одговара за стореното. Мислам дека делото тероризам е престрога квалификација за многу од уапсените. Многу од тие луѓе несвесно влегоа во шемата организирана од врхушката и го направија тоа што го направија. Лошо ќе биде ако само тие одговараат, ако не се дојде до нарачателите и поттикнувачите на тие немили настани. Според мене поголема одговорност за 27ми имаат професорот по Уставно право Саво Климовски, Валентина Божиновска, како и многу други поранешки функционери и “интелектуалци” кои отворено повикуваа на рушење на Уставниот поредок, него поголемиот дел од луѓето кои моментално се во притвор. Но, кога сме кај 27ми април, некој како свесно да ги заборава настаните од 24ти декември, денот кога беше заверен груевизмот.

Фактор: Некогаш бевте меѓу фаворизираните кадри на ВМРО-ДПМНЕ, но потоа се судривте со ракодоството, на што се должеше тоа?

Малчески: Пред се идеолошки разлики. Јас и тогаш и денес отворено се залагам ВМРО ДПМНЕ да биде една модерна партија во која ќе се негува идеологијата и демократијата. На врхушката не и одговараше тоа и не само мене, ги маргинализираше сите луѓе кои беа поборници за тоа и притоа мислеа со своја глава и имаа свој став. Побитни им беа отпадоците прибрани од други партии кои гордо слушаа и извршуваа се што ќе им беше кажано, отколку вистинските вмровци.

Фактор: Постои ли капацитет во ВМРО-ДПМНЕ да понуди нова гарнитура на политичари без багаж од минатото, без скандали, без сомнежи за злоупотреби во СЈО, без ширење на екстремен национализам и кадар кој ќе понуди нови решенија на политичката сцена како што треба да функционира една модерна десница?

Малчески: Во самата партија има огромен број на луѓе, пред се интелектуалци, кои врхушката изминатите години ги маргинализираше и сурово им се светеше заради нивната непокорливост. Доколку им се даде шанса на тие луѓе, несомнено е дека ВМРО ДПМНЕ за многу скоро време од султан ќе прерасне во една модерна и демократска партија. Доколку и понатаму се фаворизираат медиокритети со сомнително минато, образование и биографии тешко дека партијата ќе успее да излезе од кризата и дури мислам дека кризата ќе се продлабочува.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник