03 Мај, 2024
0.0277

МАЛEШЕВИЈА: Добар род на аронија и слива, еве колку може да заработите

Објавено во: Македонија, Агробизнис 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во Беровско, оваа година има добар род на аронија и слива, но берачи многу тешко се наоѓаат, раскажуваат производителите.

Овоштарите велат дека поради пандемијата, иселувањето, но и поради тоа што стандардот расте, граѓаните тешко се нафаќаат за сезонска работа и сметаат дека дневниците се ниски. Од друга страна, производителите не се во можност да платат повеќе, бидејќи и тие се обременети со високи трошоци. Зависно од големината на плантажата, некаде бербата завршува за 3 дена, некаде за 10 дена, но ако некој сериозно се зафати да работи во сезона, за еден месец според производителите на овошје ќе заработи повеќе од минимална плата.

„Луѓето се пресметуваат, или со една нога веќе се надвор од државата, и размислуваат дека во странство повеќе ќе заработат. Работници многу тешко се наоѓаат, дури и ако се работи за неколку часа да ни се помогне. Ако работата се заврши брзо, ефикасно и квалитетно, ние знаеме да дадеме и бонус. Во Берово е тешко да се најдат берачи, а доаѓаат луѓе организирано од Кочани и Штип. Но, добри берачи ако се работи за слива денес можат да заработат и по 2.000 денари. Кога се береше шумска јагода, искусните берачи си го знаат теренот, и многу зависи од родот, дали има род и дали ќе се исплати. Ако нема род, едноставно одењето  во шума го сметаат за губење време и малтретирање. Аронијата оваа година е добра, а сливата има одличен род“, раскажува Емилија Пехчевска од Берово.

Пацка Чамовска од истиот град  објаснува дека таа поседува 100 садници аронија, така што со сопругот и со најблиските успеваат да го соберат родот, но другите се мачат да најдат работници.

„Другите имаат проблеми да ја оберат аронијата, а ние сме пензионери и со помош на роднини успеваме да ја завршиме работата“, вели таа.

Весна Севдинска, агроном од Берово објаснува дека оваа година во летото имаше дождови, и немаше штетници поради што годината е родна.

„Луѓето ангажираат работници од околните села, иако аронијата веќе се бере и со машина, но и неа треба да ја ослужуваат неколку луѓе, секако треба работна рака“, вели Свединска.

Проблемот со немање на работна сила за работа во поле и на плантажи трае последните години.

Со истиот проблем се соочуваат јаболкарите и тутунарите, кои се плашат дека дел од родот ќе им остане на нива.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи