02 Мај, 2024
0.0544

Манчевски: Администрацијата од денеска се враќа на работа, да комуницира со мобилни и преку интернет

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, објави дека денеска вработените од јавниот сектор, согласно владината одлука, се враќаат на работните места, освен оние во училиштата и градинките.

Манчевски им порачува на административните работници и останатите вработени во јавниот сектор слободно да ги користат повеќе мобилните телефони и интернетот во меѓусебната комуникација, наместо непосредното комуницирање, со цел да бидат намалени контактите, иако службениците повеќе нема да работат од дома.

„Вработените во јавната администрација од денеска, работните задачи ги извршуваат од своите работни места. За да бидеме сигурни дека со овој начин на работа никој нема да биде доведен во ризик, укажуваме и бараме строго почитување на мерките и препораките на Владата:

Секој вработен задолжително да носи лична заштитна опрема на лицето (маска) за време на извршување на работните задачи на работното место. Да се одржува минимум физичкото растојание и контакт помеѓу вработените лица. Да се избегнуваат групирања и собирања. Да се настојува комуникацијата да биде телефонски (локали/мобилни телефони). Редовно да се одржува личната хигиена и хигиената во работните простории. Службените интерни состаноци да се одржуваат преку алтернативен начин (интернет апликации за комуникација). Исто така, во сила е и веќе усвоениот протокол за одржување на работни состаноци“, објави Манчевски.

Дополнително, мерката за ослободување од работа продолжува да важи за хронично болните лица, бремените жени, родителите на дете до 10-годишна возраст, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост.


Можеби ќе ве интересира

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај