26 Април, 2024
0.0325

Мартина и Ордан изгребаа КИА СПОРТАЖ од свадбените лозови кои ги добија како подарок наместо цвеќе

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Мартина и Ордан Шошески од Прилеп, ќе ја паметат својата свадба како еден од најубавите и најсреќните денови во животот, но и како ден кога потврда за заедничката среќа добиле и во форма на автомобил КИА СПОРТАЖ.

Од излегувањето на инстант лозот АВАНТУРА со премии КИА СПОРТАЖ, Мартина купувала лозови на продажното место АЈ НИКА во Прилеп, со зборовите :„Јас дојдов по колата“. Но од октомври до пред свадбата добивала само помали парични добивки. Во мај, со Ордан ја подготвувале својата свадба, а таа истовремено земала часови за возачка дозвола, со закажано полагање три дена по свадбата и верувала дека ќе вози КИА СПОРТАЖ.


На денот на венчавката од бројните гости, младенците добиле околу 80 лозови АВАНТУРА, кои ги гребеле ден по свадбата. Со подарокот од трите најдобри другарки на Мартина имало и три коверти со по 6 лозови. Домашната акција на гребење лозови ја споделиле со мајката на Ордан, која токму од ковертот од една од другарките на Мартина изгребала лоз со 3 симболи на автомобил. Отпрвин не верувале дека може навистина да имаат добитен лоз, па сопругот Ордан заминал во АЈ НИКА каде му ја потврдиле добивката, а тој ја раскажал среќната приказна дека лозот го добиле како свадбен подарок. Наредниот ден Мартина уште еднаш отишла во АЈ НИКА со зборовите : „Јас дојдов по колата“, а сопстевникот на среќното место и рекол дека задоцнила бидејќи претходниот ден веќе дошол добитник со добитен лоз и и ја прераскажал приказната на среќниот младоженец која се проширила и низ прилепската чаршија. Мартина весело се смеела и покажувајќи го добитниот лоз рекла :„Е, јас сум невестата и навистина дојдов по колата“.

Оваа убава приказна ни ја раскажа Мартина при доделувањето на автомобилот. Таа сподели со нас дека во последно време е тренд, на свадба наместо цвеќе или бонбониера да се носат лозови на Државна лотарија на Македонија. И дека тоа е навистина убаво, посебно што се дава можност на младите за дополнителна добивка.

Во Државна лотарија на Македонија ова не е прв случај младенци да добијат поголема добивка од лозовите кои им се носат на свадба. Убаво е да се биде дел од најубавите мигови.

Инаку Мартина и Ордан немале автомобил, а во средата по свадба Мартина положила за возачка дозвола.

Верба во среќата наоѓа свои начини на реализација.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет