МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје
Објавено во: Економија 09 Јули, 2020
Имоти во Хрватска масовно купуваат Словенците, при што купиле скоро половина од недвижниот имот на хрватското крајбрежје.
Тие купиле 9.439 недвижности во Хрватска од 2013 година кога земјата влезе во ЕУ, покажуваат податоците на хрватската даночна администрација.
Потоа следуваат германските државјани, кои купиле објекти за одмор, станови и апартмани, односно 4.969 објекти.
На третото место се Австријците со 2.867 имоти, потоа Италијанците со 1.612, Швеѓаните со 1.232 и Унгарците со 949, објави „Вечерњи лист“ врз основа на податоците на хрватската даночна управа за платени даноци, пренесува „Индикатор“.
Словенците неофицијално поседуваат скоро 110.000 имоти во Хрватска, претежно куќи и станови по должината на хрватското крајбрежје.
Тие во Хрватска купуваа куќи за одмор уште во времето на Југославија.