03 Мај, 2024
0.0254

Матурантите ќе го „олеснат“ семејниот буџет ама ќе бидат дотерани по последна мода

Објавено во: Економија 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На крајот на учебната година за матурантите привршуваат и последните подготовки за незаборавната матурска прослава.

Мај е месец кој го олеснува семејниот буџет а родителите немаат каде кога нивните најмили ќе им речат „Па еднаш славам матура“. 

Колку чини еден матурант? Прашање кое има помпезен одговор и кое од година в година ги поминува границите.

Шминка, фризура, фустан, костум, чевли, па ако на сето ова се додаде и екстра разубавувањето, како што е надградба на нокти, трепки, депилација, солариум, со сигурност еден матурант ги чини родителите од 150 евра па до 1500 евра.

На убавата облека мора да и парираат и убава фризура, како и тренди шминка.

„Трошоците за матурската вечер се големи, но сега тоа е, сакам да му овозможам на моето дете да се чувствува и да си помине убаво таа вечер. За пари овој месец ќе отидам во минус на кредитната картичка“, вели еден родител.

На матурантите речиси најважно им е да бидат облечени во облека по последна мода од глава до петици, при тоа не обрнувајќи внимание колку пари ќе се потрошат. 

„Мојот фустан чини околу 100 евра, чевлите се  околу 2.000 денари, нормално шминика и фризура за кои ќе платам околу 1.500 денари. Точно е дека се трошат пари, но еднаш се слави матрура, вели средношколка од средното училиште“Јосип Броз Тито” од Скопје. 

Трошоците за една матурска вечер се различни и тоа зависи од буџетот на родителите и од желбите на матурантот. Цената на матурските прославите по хотелите и рестораните се движи од 800 до 1.200 денари. 

Сепак не завршува се само во ресторанот.

Традицијата на претходниците продолжува па во раните утрински часови со блех музика продолжуваат со славење во во училишните дворови, а за оваа задоволство треба да платат од 6.000 до 10.000 во зависнот од времетраењето и бендот.

Некои пак продолжуваат во дискотека за каде треба дополнително денар плус за пиајчки.

Семејната прослава неизбежна

Откако ќе се реши проблемот со изгледот на матурантот, тука е и семејната прослава. Во зависност од буџетот некои сакаат вечерта да ја поминат поскромно само со најблиските за што од буџетот треба да издвојат од 50 па до 200 евра.

Оние родители кои имаат подлабок џеб и сакаат побогата прослава тогаш ќе ја протнат раката подлабоко и роднините и пријателите ќе ги однесат на частенка во ресторан.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија