Маж фрли дете под воз во Германија
Објавено во: Свет 29 Јули, 2019
Загина дете во Германија, откако маж го турнал под воз.
Полицијата информираше дека загинало дете, откако, како што се сомневаат, маж го турнал на шините пред воз на главната железничка станица во градот Франкфурт.
Мажот ја турнал мајката и нејзиниот 8-годишен син, но мајката успеала да се задржи на платформата, а детето паднало под брзиот воз.
Полицијата наведе дека едно лице е уапсено и дека истрагата е во тек, пренесе АП.
Мажот на возраст од 40 години избегал, но е уапсен во близина на железничката станица. Тој не се знае со жртвите, велат од полицијата. Мајката е префрлена во болница, но нема информации за нејзината здравствена состојба. Maжот бил со потекло од Еритреја.