02 Мај, 2024
0.0266

Медицинска сестра убивала пациенти поради банална причина

Објавено во: Свет 11 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Ајуми Кубоки на 31 годишна возраст е медицинска сестра од Јапонија, која  е уапсена под сомнение дека убила 20 пациенти за да не умрат кога таа била на смена.

Кубоки во полиција рекла дека ја забрзувала смртта на пациентите за да починат во смена на друга медицинска сестра, а не во нејзината бидејќи не сакала да им ја соопштува тажната веста на семејствата, објави весникот „Асахи шимбун“.

Наводно ги труела пациентите,  постари луѓе, ставајќи им антисептичен раствор во интравенозните системи, во болницата Огучи, во близина на Токио, во 2016 година.

Во болницата должност на медицинските сестри е да им ја соопштуваат веста за смртта на пациентот на блиските, ако почине додека се на нивна смена.

„Ќе беше тешко таа одговорност да ми паднеше мене“- кажала Кубоки на инспекторите.

Инспекторите нашле мали траги од прободување со игла на кесите. При анализа на униформите на сестрите во тоа одделение, откриле дека само на една има траги од антисептик околу џебот – таа на Кубоки.

Кубоки наводно признала дека убила 20 пациенти, но нагласила дека мета ѝ биле само оние што биле навистина многу болни.

Но, од полицијата велат дека таквата изјава е сомнителна, затоа што еден од починатите пациенти не бил смртно болен.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти