02 Мај, 2024
0.0270

Меморандум за соработка на Стопанската комора и МАНУ

Објавено во: Економија 24 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Меморандум за соработка потпишаа денеска Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ. Со ова се формализираат планираните цели од заеднички интерес.

Од Стопанска комора велат дека воспоставувањето ваков тип соработка меѓу МАНУ и Стопанската комора на Македонија е значајно за македонското општество имајќи ги предвид нивните улоги во него. 

„Меморандумот за соработка ќе овозможи научна, техничка и апликативна соработка меѓу двете институции за остварување на заедничките цели во областите што се од заеднички интерес. Тоа, меѓу другото, значи и координирање, организирање и вршење анализи и научни истражувања, чии резултати би се примениле за унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и на конкурентноста и за промовирање добри бизнис-практики. Со тоа би се креирале поволни услови за водење бизнис, поттикнување на економскиот раст и стабилно и предвидливо бизнис-опкружување. Соработката меѓу науката и индустријата преку заеднички проекти и други иницијативи, на национално и на меѓународно ниво, ќе даде поттик за иновации и за нови технологии во насока на побрз и одржлив економски раст и развој, велат во заедничкото соопштение.

Со Меморандумот за соработка се предвидуваат и заеднички активности меѓу МАНУ и Стопанската комора на Македонија во областа на неформалната едукација на компаниите и унапредување на менаџерското и на организациското знаење во вид на обуки и други едукативни настани, во организација и во реализација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија. Со него е предвидена и можност за други активности од заеднички интерес, како што се организација и одржување конференции, семинари, тркалезни маси, работилници, виртуелни настани и сл.


МАНУ, како врвна институција на науките и на уметностите во нашата земја, повеќе од половина век, има реализирано голем број значајни национални и меѓународни проекти, како резултат на богатата научноистражувачка работа и уметничко творештво, публикувани како посебни изданија на МАНУ или како статии во реномирани светски списанија. Стопанската комора на Македонија, со  98-годишната историја на коморско работење, е доминантна институција во земјава во поглед на коморското здружување на бизнис-секторот, при што половина од вкупниот приход и половина од нето-добивката на приватниот сектор на македонската економија се остварени од нејзините компании членки, кои го вработуваат секој трет вработен во приватниот сектор во земјава.

Во согласност со Меморандумот, се предвидува, во претстојниот период, да се одржуваат работни средби со редовна динамика заради создавање посилна македонска економија. 


Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање