02 Мај, 2024
0.0244

Иселените дома враќаат 414 милијарди долари!

Објавено во: Анализа 24 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Земјите во развој се покажуваат како најдобар извозник на работна сила. Впрочем капиталот што го добиваат од нивните мигранти за овие земји преставува поголема работа од било која странска помош која ја добиваат во текот на една година. Впрочем и кај нас е слично. Засега можеме само да сонуваме дека годишно ќе имаме инвестиции кои ќе бидат макар и приближни на оние кои иселениците ги праќаат дома.

Извештајот на Светската банка покажува дека мигрантите во земјите во развој оваа година ќе пратат 414 милијарди долари и оваа бројка со 2016 година ќе надмине 500 милијарди. Како што кажавме овој износ е поголем од парите кои овие земји ги добиваат во форма на донации или помош.Вкупно ОН регистрира 126 милијарди долари помош, што е четири пати помалку од трансферите кои стигнуваат. Според дефиницијата на светската банка и нашата земја влегува во оваа бројка, иако во извештајот не се обрнува внимание за секоја земја посебно. Косово инаку 18% од БДП ги добива на овој основ, додека Таџикистан е најзависна земја со 47% од БДП. Либериа, Непал, Молдова се исто така дел од земјите кои се најзависни од ваквите типови на трансфери. Што би рекло овие земји буквално живеат од нивните иселеници. Според овој извештај запишано е дека Македонија има 447.000 емигранти кои праќаат околу 400 милиони долари. Индија со 71 милијарда долари и Кина со 60 милијарди долари се двете земји кои примаат најмногу пари по овој основ. Редакција Фактор